Правилник за внатрешна организација

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

………………………………………………………………………………………………….

ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ВОДОСТОПАНСТВО

,,ЛИСИЧЕ ВЕЛЕС

П Р А В И Л Н И К

ЗА ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА

ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ВОДОСТОПАНСТВО

,,ЛИСИЧЕ“ – ВЕЛЕС

Велес

Декември 2017 година

____Врз основа на член 19 став 2 точка 8 од Законот за jавни претпријатија член 17 став 2 точка 8 и член 44 став 1 алинеја 1 од Статутот на Јавното претпријатие за водостопанство Лисиче-Велес и врз основа на член 17 став 7 од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на РМ бр. 27/14, 199/14 и 27/16) Управниот одбор на седница одржана на ден 25.12.2017 година донесе:

П Р А В И Л Н И К

ЗА ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА

ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ВОДОСТОПАНСТВО ,,ЛИСИЧЕ“ – ВЕЛЕС

I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

Член 1

Co овој Правилник за внатрешна организација се утврдуват видот и бројот на организациски единици, делокруг на работа на организациските единици, начини и форми на раководење со делокругот на работа на Јавното претпријатие за водостопанство Лисиче – Велес (во натамошниот текст: ЈПВ Лисиче).

II. ВИД И БРОЈ НА ОРГАНИЗАЦИОНИ ЕДИНИЦИ

Член 2

Видот и бројот на организациските единици е одреден од природата на техничко-технолошкиот процес и просторот на кој се врши дејноста која е утврдена со актот на основачот, како и од потребата за ефикасно раководење и организација на работењето.

Член 3

Основен вид на организациска единица во претпријатието претставува секторот и одделението.

Овој начин на внатрешна организација овозможува ефикасно, економично и навремено извршување и остварување во законски рок на законските надлежности и дејноста на претпријатието.

Член 4

Работите и работните задачи кои произлегуваат од законските надлежности и дејностите на претпријатието се извршуваат преку два сектори:

  1. Сектор за финансиски, правни и општи работи,

  2. Технички сектор

Член 5

За поефикасно извршување на работите и задачите од надлежностите на секој сектор, секторите се организирани во одделенија.

1. Во Сектор за финансиски, правни и општи работи постојат 2 (две) одделенија:

1.1 Одделение за финансии,

1.2 Одделение за општо правни работи и човечки ресурси.

2. Во Технички сектор постојат 2 (две) одделенија:

2.1 Одделение за водостопанство,

2.2 Одделение за електро-машински работи.

III. ДЕЛОКРУГ НА РАБОТА НА ОРГАНИЗАЦИОНИТЕ ЕДИНИЦИ

Член 6

1. СЕКТОР ЗА ФИНАНСИСКИ, ПРАВНИ И ОПШТИ РАБОТИ

Во Секторот за финансиски, правни и општи работи се вршат следните работи и задачи:

-планирање, организирање, координирање и извршување на економско-финансиските ,комерцијалните работи, правни, општи работи како и активностите поврзани со реализација на планот за јавни набавки;

-планирање, организирање, координирање и извршување на сметководствените работи во согласност со закон и со прифатените сметководствени стандарди;

-пресметка на плати, даноци и придонеси на плати;

-планирање, организирање и изработка на правни акти и правни мислења;

-планирање, организирање и спроведување на постапки предвидени со законот и со колективниот договор;

-планирање, организирање и давање на правни толкувања и совети на органите на претпријатието;

-планирање, организирање и водење на кадровската евиденција на вработените, изготвување поединечни одлуки и решенија сврзани со правата,обврските и одговорностите од работниот однос;

-планирање, организирање и водење на архивското работење во претпријатието;

-изработување на правни акти, усогласување на актите согласно нови законски прописи,

-планирање, организирање и извршување на аналитичко планските работи;

-планирање, организирање и изработка на годишни програми (планови), планови за развој од среднорочен и долгорочен карактер;

-планирање, организирање, координирање и извршување на набавката на потребен материјал, резервни делови и друго за потребите на претпријатието;

-планирање, организирање, координирање и спроведување на јавните набавки;

-наплата на побарувањата од купувачите како и навремено исполнување на обврските кон добавувачите;

-врши други активности од областа на сметководствено финансиските, правните и комерцијалните работи, предвидени со законските прописи и акти и

-се вршат и други работи и активности согласно потребите на работниот процес.

Член 7

1.1. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ФИНАНСИИ

Во Одделението за финансии се вршат следните работи и задачи:

-организирање и изготвување на нацрт предлог на годишни и други финансиски планови;

-организирање и изготувување на тромесечни, шестомесечни, годишни и други извештаи согласно законските прописи и потребите на претпријатието;

-организирање и изготвување на завршната сметка;

-примање на целокупната сметководствено финансиска документација, нејзина контрола, книжење и чување;

-водење на книговодствени евиденции за евиденција на целокупниот имот на претпријатието, побарувањата и обврските;

-организирање и водење на благајничкото работење;

-организирање и извршување на платниот промет на претпријатието;

-организирање и координирање на изработката и извршувањето на планот за јавни набавки;

-организирање и извршување на процесите на системот за менаџмент со квалитет;

-организирање и извршување на процесот на стручно оспособување на вработените за системот за менаџмент со квалитет;

-организирање и спроведување на процедурите за интерни проверки на системот за менаџмент со квалитетот и следење на спроведувањето на корективните мерки;

-организирање и извршување на набавката на потребните материјални средства и друго за потребите на претпријатието;

-организирање и извршување на политиката на продажба на вода за пиење и наводнување;

-се вршат и други работи и активности согласно потребите на работниот процес.

Член 8

1.2.ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ОПШТО ПРАВНИ РАБОТИ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Во одделението за општи и правни работи се вршат следните работи и задачи:

1. организирање и изработка на правните акти на претпријатието и на договорите за потребите на претпријатието;

  1. организирање и спроведување на политиката за вработување на претпријатието и водење на кадровската евиденција;

  2. изработка на функционална анализа на работни места;

  3. изработка на договори за јавни набави, договори за наводнување на земјоделски површини и други договори;

  4. учествување во Комисија за селекција на јавен службеник, ги изработува сите акти и документи кои се однесуваат на вработување и селектирање на службеникот и се грижи за спроведувањето на испитот за јавен службеник;

  5. одговорно лице во ЕСУЧР при МИОА;

  6. координатор во Е-Влада на РМ за мултиплатформски систем (врши електронско прикачување на сите документи);

  7. усогласување со Секретаријат за законодавство за правни работи;

  8. организирање и изведување на архивското работење на претпријатието;

  9. спроведување на прописите и употребата на печатите и штембилите на претпријатието, нивно чување, ставање во употреба и заштита од неовластено користење;

  10. организирање и застапување на претпријатието пред надлежните државни органи и застапување на претпријатието во судските спорови ,

  11. планирање и организирање на седниците на Управниот одбор и Надзорниот одбор

  12. се грижи за редовно и навремено одржување на хигиената во просториите,

  13. врши контрола на возниот парк и редовно одржување на возилата,

  14. се вршат и други работи и активности согласно потребите на работниот процес.

Член 9

2. ТЕХНИЧКИ СЕКТОР

Во Техничкиот сектор се вршат следните работи и задачи:

-планирање на работите од надлежност на техничкиот сектор кои треба да бидат составен дел на годишната програма за работа на претпријатието;

-планирање на потребните јавни набавки за нормално функционирање на претпријатието и објектите од надлежност на техничкиот сектор;

-планирање и ажурирање на договорите со постојните водокорисници и склучување на нови;

-организирање и координирање на одделенијата во секторот;

-планирање, организирањеи вршење на редовна контрола на акумулацијата Лисиче и оскултација на самата брана;

-планирање , организирање и вршење на редовно визуелно набљудување и редовно одржување на браната Лисиче и сите нејзини придружни објекти;

-планирање, организирање и изведување на регулацијата на речните корита;

-планирање , организирање и изведување на оскултација на браната Отовица;

-планирање, организирање и извршување на работи од електро одржувањето на браните;

-планирање, организирање и извршување на работи од машинското одржување на браните;

-планирање, организирање и извршување на работи од физичко-хемискиот мониторинг на акумулацијата Лисиче и акумулацијата Младост;

-планирање, организирање и извршување на работи од физичко-хемискиот мониторинг по теченијата на реките Тополка и Врановска до влив во акумулацијата Лисиче;

-планирање, организирање и извршување на работи од микробиолошкиот мониторинг на акумулацијата Лисиче и акумулацијата Младост;

-планирање, организирање и извршување на работи од микробиолошкиот мониторинг по теченијата на реките Тополка и Врановска до влив во акумулацијата Лисиче;

-планирање, организирање и спроведување на мерки за рационално користење на водата, за намалување на загубите на вода на минимум;

-планирање и организирање на склучување на договори за наводнување;

ршење на надзор над инвестиционите активности и

-се вршат и други работи и активности согласно потребите на работниот процес.

Член 10

2.1. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ВОДОСТОПАНСТВО

Во Одделението за водостопанство се вршат следните работи и задачи:

-организирање и извршување на динамика на пресметки за контрола на акумулацијата Лисиче и акумулацијата Младост;

-извршување, пресметување и ставање во табели мерењата на отворените и затворените пиезометри на браната Лисиче и браната Отовица;

-организирање, извршување и ставање во табели на податоците од ќелиите за мерење на порните и вкупни притисоци на браната Лисиче;

-организирање, извршување, пресметување и ставање во табели на податоците за количините на провирните води во Контролно-инекционата галерија и Томсоновиот прелив на браната Лисиче;

-организирање и извршување на визуелни набљудувања на телото и сите придружни објекти на браната Лисиче со пошироката околина и изработување на извештаи за истите;

-секојдневно ажурирање на извештаите за котата на акумулацијата Лисиче и акумулацијата Младост ,количината на вода на таа кота и вкупните испуштања вода во претходните 24 часа кои месечно се доставуваат до Управата за хидрометеоролошки работи и Министерството за животна средина и просторно планирање;

-секојдневно собирање, ажурирање и анализирање на податоците за испарување од акумулацијата Лисиче, дотоците на реките Тополка и Врановска, испуштањето на вода по цевководот кон Велес, при што податоците за дотоците и испуштањето на вода месечно се доставуваат до Министерството за животна средина и просторно планирање;

-планирање и одредување на количините вода за темелно или површинско чистење на акумулацијата Лисиче што зависи од податоците на Лабораторијата за физичко-хемискиот и микробиолошкиот мониторинг на акумулацијата;

-учествување при изработката на планот за јавни набавки, а со тоа и при изготвувањето на годишната програма на претпријатието;

-вршење на градежен надзор при инвестиционите активности на објектот брана Лисиче,

-планирање, организирање и извршување на регулацијата на речните корита што се во надлежност на претпријатието;

-планирање, организирање и извршување на контролата над регулацијата на речните корита од страна на други субјекти и изработка на соодветна законска документација;

-вршење на градежен надзор при преземените инвестиционите активности од страна на претпријатието;

вr{i raboti na planirawe i realizacija na investiciona izgradba i razvoj na pretprijatieto;

сledewe na realizacijata na proektnata dokumentacija;

кontrola nad kvalitetot pri izveduvaweto na objektite;

вodewe na grade`ni knigi и

-се вршат и други работи и активности согласно потребите на работниот процес.

Член 11

2.2. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЕЛЕКТРО-МАШИНСКИ РАБОТИ

Во Одделението за електро машински работи се вршат следните работи и задачи:

-организирање и извршување на динамиката за контрола на хидрауличните системи на водостопанските објекти;

-организирање и извршување на динамиката за контрола на воздушните вентили;

-организирање и извршување на динамиката на контрола на цевководите и нивните постоља;

-организирање и извршување на динамиката на контрола на затворачите, а посебно нивната работа, заптивност и кородираност;

-организирање и извршување на динамиката на контрола на останатата опрема на водостопанските објекти на претпријатието;

-организирање и извршување на надзорот над инвестиционите активности во претпријатието;

-планирање, организирање и извршување на мерките за безбедност при работа;

-планирање, организирање и одржување на цевководите за водоснабдување и наводнување на водостопанскисте објекти;

-планирање, организирање и извршување на техничкиот прием на новонабавената опрема и

-се вршат и други работи и активности согласно потребите на работниот процес.

IV. НАЧИНИ И ФОРМИ НА РАКОВОДЕЊЕ СО ДЕЛОКРУГОТ НА РАБОТА

Член 12

Со претпријатието управува Управен одбор назначен од основачот односно од Владата на Република Македонија.

Надлежностите на Управниот одбор се утврдени со Законот за јавни претпријатија и Статутот на претпријатието.

Член 13

Контрола над материјално-финансиското работење на претпријатието врши Надзорен одбор за контрола на материјално финансиското работење назначен од основачот, односно од Владата на Република Македонија.

Надлежностите на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење се утврдени со Законот за јавни претпријатија и Статутот на претпријатието.

Член 14

Со претпријатието раководи Директорот на претпријатието.

Надлежностите на Директорот се утврдени со позитивните законски прописи, Законот за јавни претпријатија и Статутот на претпријатието.

Во отсуство на директорот, неговите работи и работни задачи ги извршува Помошник директорот.

Член 15

Со секој сектор раководи раководител на секторот, кој ја планира, организира и координира работата на секторот, ги обединува политиките од делокругот на секторот и врши непосредна контрола и надзор над извршувањето на работите и задачите во секторот.

Со одделение раководи раководител на одделение, кој во рамките на управувањето со функционирањето на одделението ја планира, организира, координира работата на одделението, врши непосредна контрола и надзор над извршувањето на работите и задачите од одделението.

Член 16

Графичкиот приказ на организациските единици на претпријатието (органограмот) е даден во прилог и е составен дел на овој правилник.

V. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 17

Овој Правилник може да се измени и дополни на начин и во постапка како и при негово донесување.

Член 18

Со денот на влегувањето во сила на овој Правилник престанува да важи правилникот за внатрешна организација на ЈПВ Лисиче-Велес број 01-478/3 од 14.11.2011 година.

Член 19

Овој правилник влегува во сила со денот на објавувањето на огласната табла на претпријатието, а ќе се објави по претходно добиена писмена согласност од Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија.

Претседател на Управен одбор

Силвана Кржовска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *