Посета на министерот Трајан Димковски на ЈПВ “Лисиче”- Велес

Денес во посета на ЈПВ “Лисиче”-Велес беше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.
Директорот Дејан Арсовски го информираше министерот дека физибилити студијата за втората и третата фаза од развојот на ЈПВ “Лисиче”-Велес е речиси завршена и дека за многу скоро време ќе се створат услови целокупниот проект да влезе во фаза на проектирање. Со конечната реализација на овој проект, предвидено е наводнување на речиси 4000 хектари земјоделско земјиште на територијата на Општина Велес и Општина Чашка и ќе биде од исклучително значење за развојот на земјоделството.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *