Еко Акција!

Во соработка со Општина Чашка и други организации на ден 14.09.2019 год.(сабота) се одржа заедничка еко акција за чистење на брегот на езеро Лисиче и отстранување на цврстиот комунален отпад, во која активно учество земаа и вработените од ЈПВ-Лисиче.

Браната Лисиче е од огромно стратешко значење за жителите од Велес, Чашка и регионот бидејќи преку неа се обезбедува водоснабдување на населените места и наводнување на земјоделските површини. Затоа, оваа еко акција е симболичен придонес преку кој испраќаме порака дека сите ние сме должни да обезбедиме чиста животна средина и заштита на водните ресурси.

Да ја зачуваме животната средина, заедно!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *