Потпишан меморандум за идна соработка на “ЈПВ Лисиче” – Велес и ИСРСМ-институт за стандардизација на Република Северна Македонија

     Водата е еден од нашите непроценливи ресурси.
     Начинот на кој ја користиме и како спрема неа се однесуваме, директно влијае на нашето здравје и целокупниот наш живот.
     Одржлив квалитет и достапност на чиста и здрава вода со сите стандарди треба да биде битен сегмент за сите претпријатиjа на кои дејноста им е токму тоа.
    “ЈПВ Лисиче”- Велес денес стана членка на Институт за стандардизација и членка на ИСРСМ ТК-17-Квалитет на воздух и вода.
      Директорот Дејан Арсовски на”ЈПВ Лисиче” – Велес и директорот на ИСРСМ м-р Џеват Кицара, денес потпишаа меморандум за идна соработка на двете институции, со цел меѓусебна подршка во полето на стандардизацијата.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *