За Нас

Јавното претпријатие за водостопанство Лисиче-Велес е основано со Одлука на Владата на Република Македонија бр.23-4371/1 од 24/07/2001 година  и објавена во Службен весник на РМ бр.66/2001, а е запишано во Трговскиот регистар на Основниот суд Скопје 1 со Решение бр.2979/01 од 05/10/2001 година.

Јавното претпријатие работи под фирмата: ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ВОДОСТОПАНСТВО ЛИСИЧЕ-ВЕЛЕС. Во правниот промет Јавното  претпријатие работи и со скратен назив кој гласи ЈПВ Лисиче-Велес.

Седиштето на претпријатието е во Велес, на улица Вардарска бб.

Основните надлежности на ЈПВ Лисиче -Велес се уредени во Закон за води и Закон за водостопанство, согласно одлуката на Владата на РМ.