Мисија

ЈПВ Лисиче има основна мисија да обезбедува квалитетено и континуирано снабдување со сурова вода наменета за водоснабдување на наеселнието како и одржливо искористување на природните потенцијали со кои располага акумулацијата со големо внимание кон заштита на животната средина. Покрај оваа главна мисија, ЈПВ Лисиче се стреми и кон постигнување на:

  • Изградба на мали хидроцентрали за искористување на хидропотенцијалот на водите
  • Изградба на систем за наводнување
  • Енергетско искористување
  • Поттикнување на активности за собирање, одведување и третман на урбани отпадни води од населените места на река Тополка и река Врановска.