Визија

ЈПВ Лисиче има визија да постигне статус на претпријатие од ранг на модерните претпријатија кои се бават со водоснабдителни дејности.

Ова претставува збир од долгорочни определби што опфаќаат:

  • Развој на постоечки сегменти и воведување на нови во обавувањето на основните и пропратните водоснабдителни дејности;
  • Примена на модерните техничко-технолошки достигнувања;
  • Едукација и развој на сопствените кадри;
  • Зацврстување и зајакнување на постоечката улога на претпријатие со квалитетен сервис за граѓаните, со желба да се достигне највисок квалитет во обавувањето на дејноста.