По триесет години повторно Младост прели преку браната

Езерото Младост прели.  Преку браната истекуваат првите количини на вода. Засега тоа  е минимално. Доколку се остварат прогнозите на хидрометеоролозите и во текот на утрешниот ден  има поголеми врнежи од дожд тогаш истекот  ќе биде многу поголем.

Езерото Младост прели.  Преку браната истекуваат првите количини на вода. Засега тоа  е минимално. Доколку се остварат прогнозите на хидрометеоролозите и во текот на утрешниот ден  има поголеми врнежи од дожд тогаш истекот  ќе биде многу поголем.

„Очекуваме  дека во наредните денови  ќе имаме максимум  прелевање на 100 илјади  кубни метри вода  за 24 часа. Оваа количина  нема да предизвика никакви штети. Она што е многу важно е и фактото што оваа количина  на вода  нема да има  никакво влијание врз водостојот на реката Вардар“, рече Бобан Пановски, директор на ЈПВ  Лисиче.

Зголемениот водостој на Рудничка  и Отовичка река се причина за постојаното зголемување на нивото на езерото. Во 1985 година последен пат  Младост   ја преливало браната . Токму поради ова, излевањето  предизвика  интерес кај  посетителите  кои овој сончев ден  рекреираа тука.

„Јас прв паг го гледам вакво езерото. Интересно е да се доживее и оваа гледка, се надевам дека нема да направи проблеми“

„Вака разбранувано и големо  досега не сме го виделе. Преливот е минимален, но ете се случи и тоа, многу вода, се топат снеговите, веројатно ова е максимумот, а може и не“,

„Рибарите велат дека  и кога пред 20 години прелеало езерото започнало токму вака, малку по малку. Ако утре имаме врнежлив ден, веројатно  преливот  на  вода ќе биде многу поголем“, велат анкетираните посетители на езерото Младост.

Зголемениот водостој на езерото значи проблем помалку за сопстевниците на лозовите плантажи. Вода за наводнување ќе имаат  во изобилие.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *