Тромесечен извештај за финансиското работење на ЈВП Лисиче – Велес
Врз основа на член 5 став 3 од Законот за јавните претпријатија (Службен весник на РМ бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15 и 39/16) ЈПВ Лисиче Велес доставува:
ТРОМЕСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ
за
ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ
на
ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ВОДОСТОПАНСТВО
Л И С И Ч Е – ВЕЛЕС
Јануари – Март , 2018 година
Кликнете овде за да го отворите или превземете тромесечниот извештај
СОДРЖИНА
ВОВЕД
I .
-
Преглед на остварени приходи
-
Преглед на остварени расходи
а) Основни показатели на работењето во овој квартал
-
Споредбени показатели на :
-
планирано со остварено во тековната година
-
остварено во тековниот период со оствареното во истиот период 2017 година.
-
-
Остварен финансиски резултат од работењето на претпријатието во тромесечието
II .
-
Состојба на вкупни неизмирени обврски на претпријатието
-
спрема добавувачи за тековни активности
-
кон изведувачи на инвестициони активности на објектот ХС Лисиче
-
-
Состојба на вкупни ненаплатени побарувања на претпријатието
III .
-
Анализа на бројната состојба на вработените
-
на неопределено време,
-
на определено време
-
-
Просечно исплатена нето плата во претпријатието по вработен
IV.
-
Преглед на состојбата на жиро сметките на претпријатието:
-
денарски сметки,
-
девизни сметки
-
ВОВЕД
Јавното претпријатие за водостопанство Лисиче – Велес, е формирано за водење и организација на изградбата на Хидросистемот Лисиче. Обезбедувањето на средства за негово функционирање се врши преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. За извршување на неговите функции обезбедени се средства од Буџетот на Република Македонија за 2018 година (Службен весник на РМ бр. 196/2016 ) во раздел 14001 Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Програма 6 Водостопанство, потпрограма 6Б Хидросистем Лисиче, во износ од 27.900.000,00 ден.
Во текот на 2018 година предвидено е да се извршат работи во вкупна вредност од 53.100.000,00 денари.
По квартали извршената работа вредносно треба да изнесува:
-
-
1 квартал – 17.245.000,00 денари,
-
2 квартал – 7.255.000,00 денари,
-
3 квартал – 19.795.000,00 денари,
-
4 квартал – 8.805.250,00 денари
-
Вкупно: – 53.100.000,00 денари
-
Трошоците од работењето што ги прави јавното претпријатие се искажуваат преку Финансискиот план, кој се донесува за секоја календарска година заедно со Годишната инвестициона програма.
Во него се содржани исклучиво трошоците што се однесуваат на платите на вработените и тековните трошоци за работењето, како и изворите на приходите за покривање на тие трошоци.
Вкупните трошоци за водење на инвестицијата предвидени во Финансискиот план за 2018 година изнесуваат 17.200.000,00 денари.
I.
-
Преглед на остварени приходи
Во ова тромесечие ЈПВ Лисиче ги оствари следните приходи:
1. Средства од Буџетот на РМ :
– Субвенции и трансфери- 3.000.000,00 денари
– Отплата на главнина –10.356.379,00 денари
– Каматни плаќања – 579.902,00 ден.
2. Приходи од продажба на вода за пиење – 4.422.400,00 денари.
3. Приходи од вода за наводнување –2.304,00 денари
-
Приходи од чакал и песок – 0,00
-
Приходи од камати и останати приходи – 230.022,00 денари
Вкупни приходи: 18.591.007,00 денари
2.Преглед на остварени расходи
Во текот на ова тромесечие направени се расходи во износ од 3.676.988,00 денари. За истиот период планирано е да се потрошат средства според кварталниот Финансиски план во износ од 4.300.000,00 денари, што значи дека направените расходи се пониски за 14% од планираните расходи . Структурата на приходите и расходите, побарувањата и обврските, паричните средства и човечките ресурси е прикажана во Табелата бр. 1
р. б. |
Опис |
Год. фин. план /2018 |
Планирано 01-03/18 1 |
Остварено 2017 2 |
Остварено 2018 3 |
Индекс ост.2018/ пла.2018 3 : 1 |
Индекс 2018/ 2017 3 : 2 |
I |
Вкупни приходи |
17.200.000 |
4.300.000 |
5.134.915 |
4.652.422 |
108 |
91 |
1. |
Средства од буџет |
0 |
0 |
2.000.000 |
0 |
0 |
0 |
2. |
Приходи од прода на вода за пиење |
17.000.000 |
4.200.000 |
3.128.981 |
4.422.400 |
105 |
141 |
3. |
Приходи од чакал и песок |
0 |
0 |
0 |
0 |
0 |
0 |
4. |
Приходи од вода за наводнување |
0 |
0 |
0 |
0 |
0 |
0 |
5. |
Приходи од камат и остан. приходи |
200.000 |
100.000 |
5.934 |
230.022 |
230 |
3.898 |
II |
Вкупни расходи |
17.200.000 |
4.300.000 |
3.849.597 |
3.676.988 |
86 |
96 |
1. |
Трошоци за суров. и материјали |
200.000 |
50.000 |
38.744 |
24.394 |
49 |
63 |
2. |
Трошоци за материјали |
300.000 |
75.000 |
81.527 |
22.813 |
30 |
28 |
3.. |
Трошоци за енергија |
900.000 |
275.000 |
325.239 |
258.793 |
94 |
80 |
4. |
Потрошени резервни делови |
280.000 |
70.000 |
28.555 |
95.420 |
136 |
334 |
5. |
Трошоци за ситен инвентар |
360.000 |
90.000 |
13.596 |
1.322 |
1 |
10 |
6. |
Транспортни услуги |
340.000 |
85.000 |
78.498 |
78.498 |
92 |
100 |
7. |
Поштенс, телеф. усуги и интернет |
300.000 |
75.000 |
66.438 |
68.890 |
92 |
104 |
9. |
Услуги за одржува ње и заштита |
240.000 |
60.000 |
23.136 |
39.157 |
65 |
170 |
10 |
Комунални услуги |
70.000 |
20.000 |
18.421 |
10.800 |
54 |
59 |
11 |
Останати услуги |
300.000 |
75.000 |
48.996 |
33.112 |
44 |
67 |
12 |
Плата и надомест. на плата |
11.000.000 |
2.750.000 |
2.481.874 |
2.471.874 |
90 |
100 |
13 |
Останати трошоци на вработените |
450.000 |
50.000 |
0 |
0 |
0 |
0 |
14 |
Дневници за сл. пат. и патни т-ци |
140.000 |
35.000 |
17.158 |
27.221 |
77 |
159 |
15 |
Надоместоци на трошоц. на вработ |
120.000 |
30.000 |
1.100 |
77.222 |
257 |
7.018 |
16 |
Трошоци за надо мест на УО и НО |
1.100.000 |
275.000 |
169.556 |
209.998 |
76 |
124 |
17 |
Трошоци за репрезентација |
200.000 |
50.000 |
22.206 |
3.180 |
6 |
14 |
18 |
Премии за осигурување |
40.000 |
0 |
0 |
0 |
0 |
0 |
19 |
Банкарски услуги и трошоци |
70.000 |
20.000 |
18.547 |
21.805 |
109 |
118 |
20 |
Дан. прид. кои не зависат од резулт. |
30.000 |
10.000 |
3.538 |
3.336 |
33 |
94 |
21 |
Останати трошоци од работењето |
650.000 |
170.000 |
398.369 |
224.770 |
132 |
56 |
22 |
Останати расходи од работењето |
100.000 |
25.000 |
11.812 |
4.328 |
17 |
36 |
23 |
Договорени казнени камати |
10.000 |
10.000 |
(3000000) 2.287 |
55 |
1 |
2 |
III |
Побарувања, обврски, парични средства и човечки ресутси |
||||||
1 |
Вкупно неподмирени обврски |
549.047 |
466.245 |
||||
2 |
Вкупно ненаплате ни побарувања |
1.773.202 |
3.408.211 |
||||
3 |
Состојба на жиро сметки |
2.541.351 |
7.105.830 |
||||
1. |
Стопанска банка |
8.957 |
120.805 |
||||
2. |
Комерциј. банка |
127.384 |
3.712.930 |
||||
3. |
Тутунска банка транс-ка с-ка |
2.568 |
918 |
||||
4. |
Централна кооп. банка |
2.402.442 |
3.271.177 |
||||
4 |
Вкупен број на вработени лица |
23 |
23 |
||||
1. |
Вработени на неопределено вр. |
23 |
23 |
||||
2. |
Вработени преку Агенц. за прив. вр |
0 |
0 |
||||
3. |
Вработени по договор за дело |
0 |
0 |
||||
5 |
Износ на просечно исплат. нeто плата |
24.377 |
24.290 |
2.а) Основни показатели на работењето во овој квартал
Основната дејност на ЈПВ Лисиче Велес е Собирање, обработка и снабдување со вода, односно снабдување со вода за пиење на населението на град Велес, како и вода за наводнување на земјоделските производители.
Во ова тромесечие се испорачани вкупно 1.382.000 м3 сирова вода за пиење спрема ЈКП Дервен, додека во претходната година испорачани се вкупно 977.807 м3 сирова вода за пиење.
Потребно е да се напомене дека во почетокот на месец Март 2017 год. од наша страна е поставен протокомер на доводниот цевковод пред филтерната станица на ЈКП Дервен од Велес, па согласно договорот за испорака на сирова вода мерењето на потрошената количина на вода за пиење ќе се врши на новиот протокомер кој покажува точни вредности , за разлика од нивниот протокомер кој покажуваше количини многу пониски од сегашниве.
Во овој квартал сеуште немаме склучено договори за наводнување со правните и физичките лица, а истите ќе се склучат во наредниот квартал, односно во текот на месец Април и месец Мај.
Претходната година беа склучени вкупно 30 договори за наводнување на земјоделски површини со 24 индивидуални производители и 6 правни лица, за вкупна наводнувана површина од 122,15 хектара.
3.Споредбени показатели на:
-
планираното со оствареното во тромесечието од тековната година.
Во приложената табела се прикажани износите на направените трошоци во ова тромесечие и нивната споредба со планираните износи. Кај поголемиот дел од ставките имаме намалување, а само кај одреден број има зголемување на направените трошоци од следниве причини:
– Образложение за остварените приходи
1.Вкупните приходи кој се остварени во овој период се повисоки од планираните, како и приходите предвидени за покривање на трошоците по Финансискиот план за 2018 год. се повисоки од планираните за 8%, додека во споредба со претходната година тие се пониски за 9%.
Приходите кој се остварени согласно на Финансискиот план за 2018 год. се повисоки од планираните и тие од претходната година пред се заради испорачаната повисока количина на вода за пиење со поставувањето на новиот протокомер од наша страна.
Средства од буџетот на МЗШВ во овој квартал се реализираа за исплата на ратата за каматата и главнината, додека средствата за ставката Субвенции и трансфери се исплатени во износ од 3.000.000, 00 ден., за предвидените инвестициони активности кој треба да се реализираат во првата половина од 2018 год..
За оваа година средствата од буџетот на РМ кој се исплаќаат за трошоците за инвестициони активности и капитални расходи се под една ставка – 464 Разни трансфери, согласно планот на распределба на средствата од МЗШВ за Хидросистем Лисиче.
Приходите од продажба на вода за пиење се реализирани во процент од 105% од планираните приходи за ова тромесечие, додека во однос на претходната година тие се реализирани 141%.
-
-
Образложение за остварените расходи
-
1.Вкупните трошоци за ова тромесечие се пониски за 14% во однос на планираните трошоци , додека споредено со истиот период лани тие се пониски за 4%.
2. Зголемување од 36% во однос на планираното и 234% во однос на претходната година се забележува кај контото 405 – Потрошени резервни делови. Причина за ова зголемување е поправката на возилата кој а беше извршена во месец Март, а која беше наменета за повеќе возила кој подолго време не беа во употреба заради јавната набавка.
3. Кај контото 441 – Надоместоци на трошоците за вработените има значително отстапување, односно трошоците се повисоки за 157% во однос на планираното и доста висок процент во однос на претходната година, од причина што беше реализирана јавна набавка од минатата година за безбедност и заштита при работа во износ од 72.242,00 ден.
4. Зголемување од 9% во однос на планираното и 18% во однос на претходната година имаме кај контото 446 – Банкарски услуги и трошоци на платен промет заради наплатената провизија за исплата на ратата за отплата на главнината по кредитот од странство.
5. Кај контото 449 – Останати нематеријални трошоци имаме забележано зголемување од 32% во однос на планираното , додека во однос на претходната година имаме намалување од 44%.
Причина за ова зголемување се поднесените поединечни тужби од вработените оператори и чувари заради барањето за зголемување на коефициентот на сложеност на работа, исплата на надоместоци од работен однос, прекувремени часови на работа, бонус плата и сл. . Овие трошоци се направени на ставката за правни и адвокатски услуги , услуги за вештачење и судски трошоци за уплата на судски такси.
Во овој период се направени и трошоци за објавување на огласи во износ од 26.272,00 ден.
6. Останатите конта и трошоци се во рамките на предвидените износи и воглавно се пониски од планираните и нема некое поголемо отстапување.
-
оствареното во тековниот период со оствареното во истиот период 2017 година.
Во приложената табела се прикажани и направените трошоци во претходната година. Од споредбата со реализираните трошоци во 2017 година може да се види дека тие се пониски за 14%, , додека кај приходите има намалување за овој квартал во однос на претходната година за 9%.
4.Остварен финансиски резултат од работењето на претпријатието во ова тромесечие.
ЈПВ Лисиче е формирано со основна цел да ја води инвестицијата, односно изградбата на Хидросистемот Лисиче. Тоа функционираше како претпријатие во изградба, односно не остваруваше приходи и не обезбедуваше средства за тековното работење. Во почетокот на февруари 2010 година дојде до потпишување на договор со Јавното комунално претпријатие Дервен од Велес за испорака и наплата на водата за пиење.
Цената на водата за пиење која ЈПВ Лисиче ја наплатува од ЈКП Дервен изнесува 3,20 ден. за 1м3 согласно Договорот за испорака на вода од 10.03.2015 год. и врз основа на Анекс кон договорот бр.03-71/2 од 06.04.2016 год. а согласно на Одлуката за давање на согласност од Владата на РМ бр/ 42-1843/1 од 03.03.2015 год. и објавена во Службен весник на РМ бр. 35/2015.
Наплатата од приходите за испорака на сурова вода за пиење е 100%, односно истите се релизираат најкасно до крајот на тековниот месец за претходниот месец по доставувањето на фактурата.
За ова тромесечие остварени се приходи во износ од 4.652.422,00 ден., а се направени расходи во износ од 3.676.988,00 ден. споредбено на податоците од Финансискиот план за 2018 год.
Во овој квартал остварен е позитивен финансиски резултат – добивка, односно приходите се повисоки од расходите за 975.434,00 ден.
II.
5.Состојба на вкупни неизмирени обврски на претпријатието:
-
спрема добавувачите во земјата за тековни работи
Спрема добавувачите во земјата, кој обврски произлегуваат од тековните трошоци на работењето на претпријатието (трошоците прикажани во Табела 1) ЈПВ Лисиче ги има следниве обврски:
Макпетрол – 22.781,00 ден., ЕВН Македонија – 65.890,00 ден., Оне. Вип – 23.522,00 ден., Оли ТП – 18.217,00 ден., Ла – би – 55.230,00 ден., Виктор НДЗ – 104.020,00 ден., Адвокат Никола Лазаров – 12.220,00 ден. и други помали износи кои произлегуваат од тековните обврски.
-
спрема добавувачи во земјата – изведувачи на инвестициони активности на објектот ХС Лисиче:
Во текот на ова тромесечие вкупно се реализирани средства во износ од 15.691.529,00 денари или 91% од планираните.
Во овој квартал е планирано да се извршат работи во износ од 17.245.000,00 денари според Годишната инвестициона програма за 2018 год.
Во овој износ се влезени и трошоците за тековно работење во овој квартал кој изнесуваат 4.300.000,00 денари.
Подетален преглед за извршените работи е даден во Табела бр.II-3 Извештај за реализираните инвестициони активности.
Во овој период извршени се следните инвестициони активности:
Изработени се студии за анализа и регистрација на силни земјотреси на брана Лисиче и брана Отовица во вредност од 250.000,00 ден. без ДДВ.
Извршен е сеизмички мониторинг и одржување на сеизмолошки инструменти за брана Лисиче и брана Отовица во вкупна вредност од 300.000,00 ден. без ДДВ.
Набавени се резервни делови за хидромеханичката и електро опрема на брана Лисиче во износ од 220.610,00 ден. без ДДВ.
Изготвен е Елаборат за анализа и оценка на стабилноста и функционалноста на браните со придружните објекти и стабилноста на теренот околу браните и акумулациите Лисиче и Отовица во вкупна вредност од 118.800,00 ден без ДДВ.
ЈПВ Лисиче по однос на обврски кон изведувачите на работите кој произлегуваат од извршени инвестициони активности, има неплатен износ кон Геинг во износ од 140.184,00 ден.
Вкупните обврски на претпријатието заклучно со 31.03.2018 год. изнесуваат 466.245,00 денари.
6.Состојба на вкупни ненаплатени побарувања на претпријатието.
ЈПВ Лисиче има ненаплатено побарување од ЈКП Дервен – 3.011.409,00 денари, Макида треид – 98.058,00 ден.(утужено), , Тополка 2000 – 79.280,00 ден., Лајман Компани – 101.600,00 ден.(утужен), Агролајман – 52.330,00 ден.(утужен), Весна пролет – 60.416,00 ден., Стефановски Мице – 2.468,00 ден., Николов Гиго – 2.892,00 ден., како и помали износи од неколку индивидуални земјоделски производители.
Против Макида треид , Лајман компани и Агролајман имаме поднесено тужба за неплатен долг за фактури кој се доспеани за плаќање, а не се платени..
Вкупните побарувања на претпријатието вклучително и спорните побарувања со состојба на 31.03.2018 год. изнесуваат 3.408.211,00 денари.
7.Анализа на бројната состојба на вработените.
-
на неопределено време
Во ЈПВ Лисиче Велес, вработени се вкупно 23 лица и сите се на неопределено работно време, додека нема повеќе ниту еден вработен преку Агенција за привремени вработувања и договор за дело.
Структурата по образование на вработените е следна:
-
Високо образование ВСС VII / 2 – 3
-
Високо образование ВСС – VII /1 – 8
3. ССС – 9
4. Основно образование – 3
8.Просечно исплатена нето плата по вработен во претпријатието.
Просечно исплатената нето плата е прикажана во Табела бр. 1, односно таа изнесува 24.290,00 денари вкупно за сите 23 вработени лица.
Нето платата на директорот на претпријатието изнесува 45.143,00 денари.
ЈПВ Лисиче според Статутот на претпријатието како органи на управување има Управен одбор составен од 9 (девет) члена, додека Надзорниот одбор за контрола на материјалното и финансиското работење е составен од 5 (пет) члена,. Согласно Одлуката на Управниот одбор бр. 02-398/8 донесена на 08.11.2017 год. надоместокот за претседателот на УО изнесува 12.000,00 ден., за заменик претседателот 11.000,00 ден. ,додека надоместоците за членовите на УО изнесуваат по 10.000,00 денари.
Со Одлука бр. 02-398/9 од 08.11.2017 год. надоместокот за претседателот на Надзорниот одбор изнесува 9.000,00 ден. , додека за членовите на НО надоместокот изнесува 7.000,00 ден.
За членовите на Управниот одбор надоместоците се исплатуваат паушално за секој месец, додека за членовите на Надзорниот одбор тие се исплатуваат од одржана седница.
Со Одлука на Управниот одбор значително се намалени надоместоците за патни трошоци со сопствено возило за членовите на УО и НО, па така трошоците кој се прикажуваат на конто 440 – Дневници за службено патување и патни трошоци, всушност се патните трошоци за користење на сопствено возило за членовите на УО и НО.
IV.
9.Преглед на состојбата на жиро сметките на претпријатието:
-
денарски сметки
ЈПВ Лисиче располага со четири ( 4) денарски сметки во различни банки, односно депонент е на Централна кооперативна банка, потоа имаме сметки во Стопанска банка, Комерцијална банка и во Тутунска банка . Вкупниот износ на парични средства, односно состојбата на жиро сметките заклучно со 31.03.2018 год. изнесува 7.105.830,00 денари.
-
девизни сметки
ЈПВ Лисиче не располага со девизна сметка. Девизната сметка е затворена претходната година.
Велес, Април 2018 год.
Изготвил: Директор
Ѓорѓи Аврамов Дејан Арсовски
Тромесечен извештај за реализираните инвестициони активности предвидени со Програмата за работа на ЈПВ Лисиче-Велес
за периодот Јануари – Март 2018 година
Табела II – 1
ред. бр. |
Планирани инвестициони активности за соодветното тромесечие согласно Годишната инвестициона прорама на претпријатието, одобрена од Владата на Р. Македонија |
Планирани буџетски средства за соодв. инвест. активност за тромес.согласно Год. .Инвестициона програма |
Реализирани буџетски средства за соодв. инвест. активност за тром. согласно Годиш. инвестиц. програма |
Процент на реализац. на планир. буџетски средства |
1 |
Тековно одржување, промена на уље хидрол и редовна контрола на хидраулични системи |
|||
2 |
Контрола и сервис на катодна заштита на цевководот од излезна градба до тиролскиот зафат |
|||
3 |
Геодетски мерења на брана „Лисиче” при мин. и макс. ниво на водата (две мерења)и брана Отовица (едно мерење) |
|||
4 |
Студии за анализа-регистрација на силни земјотреси за брана „Лисиче” и за брана Отовица |
250.000 |
250.000 |
100 |
5 |
Сеизмички мониторинг, одржување на сеизмолошки инструменти за брана „Лисиче” и за брана Отовица |
300.000 |
300.000 |
100 |
6 |
Елаборати за анализа и оценка на стабилноста и функц. на браните со придр. објекти околу браните и акумулациите „Лисиче” и Отовица |
0 |
118.800 |
|
7 |
Изведба на армирано бетонско корито после Томсоновиот прелив на брана Лисиче |
|||
8 |
Тековно одржување на системот за узбунување и трвожење |
|||
9 |
Чистење пред зафатот на река Врановска 11на таложницата од истиот, поправка на зашт. ограда и ископ на канал покрај патот |
|||
10 |
Санирање на основата на десното армирано бетонско платно кај преминот на цевководот за езеро Младост преку суводолицата |
|||
11 |
Утврдување на причината за појавеното протекување на вода од цевководот за езеро Младост непосредно до разделната шахта |
|||
12 |
Мерење на наносот во акумулацијата Лисиче |
|||
13 |
Набавка на услуги за вршење на стручен надзор на изведба или санација на инвестициони објекти на ЈПВ Лисиче-Велес за 2018 год. | |||
14 |
Чистење на просторот околу акумулацијата Лисиче | |||
15 |
Сервис на дизел електричен агрегат на брана Лисиче | |||
16 |
Поправка на лабораториска опрема UV-Pastel Analizer и техничка лабораториска вага | |||
17 |
Санација на редени бетонски блокови после Излезна градба на брана Лисиче | |||
18 |
Санациони работи на телото на брана Отовица врз основа на проект | |||
19 |
Санација на неповолна филтрациона појава на брана Лисиче, Геотехнички истражувања, елаборат со ревизија и основен проект со ревизија | |||
20 |
Набавка на компјутерска опрема | |||
21 |
Набавка на теренско моторно возило | |||
22 |
Набавка на резервни делови за хидромеханичка и електро опрема на брана Лисиче |
0 |
220.610 |
|
23 |
Сервисирање на камери за видеонадзор на брана Лисиче | |||
24 |
Мерење на отпор на заземјување | |||
25 |
Набавка на акумулатори за мерни станици и систем за узбуна и тревога | |||
26 |
Изведба на санација на брана Лисиче за неповолна филтрација врз основа на изработена техн. документација | |||
27 |
Техничко обезбедување на објектите на брана Лисиче | |||
28 |
Трошоци за експропријација и изработка на геодетски елаборати | |||
29 |
Ажурирање на Физибилити студија за енергетско искористување на водите од Хидросистемот Лисиче | |||
30 |
Консултантски услуги и превод на документација за постапка за ЈПП | |||
31 |
Подготовка на тендерска документација и објавување на меѓународен јавен повик за ЈПП | |||
ВКУПНО I : |
550.000 |
1.089.410 |
198 |
|
32 |
Трошоци за тековно работење по Финансискиот план за 2018 год. |
0 |
0 |
0 |
33 |
Отплата на главнина по шпанскиот кредит |
10.390.000 |
10.356.379 |
100 |
34 |
Отплата на камата по кредит |
560.000 |
568.752 |
102 |
ВКУПНО: |
11.500.000 |
12.014.541 |
104 |
Табела II – 2
ред. бр. |
Планирани инвестициони активности за соодветното тромесечие согласно Годишната инвестициона прорама |
Планирани сопствени средства за реализација на соодветната инвестициона активност за тромесечието согласно Годишната инвестициона програма |
Реализирани сопствени средства за реализација на соодветната инвест. активност за тромес. согласно Годишната инвест. програма |
Процент на реализација на планираните сопствени средства |
1 |
Тековно одржување, промена на уље хидрол и редовна контрола на хидраулични системи |
75.000 |
0 |
|
2 |
Контрола и сервис на катодна заштита на цевководот од излезна градба до тиролскиот зафат |
|||
3 |
Геодетски мерења на брана „Лисиче” при мин. и макс. ниво на водата (две мерења)и брана Отовица (едно мерење) |
|||
4 |
Студии за анализа-регистрација на силни земјотреси за брана „Лисиче” и за брана Отовица |
|||
5 |
Сеизмички мониторинг, одржување на сеизмолошки инструменти за брана „Лисиче” и за брана Отовица |
|||
6 |
Елаборати за анализа и оценка на стабилноста и функц. на браните со придр. објекти околу браните и акумулациите „Лисиче” и Отовица |
|||
7 |
Изведба на армирано бетонско корито после Томсоновиот прелив на брана Лисиче |
|||
8 |
Тековно одржување на системот за узбунување и трвожење |
30.000 |
0 |
|
9 |
Чистење пред зафатот на река Врановска 13на таложницата од истиот, поправка на зашт. ограда и ископ на канал покрај патот |
|||
10 |
Санирање на основата на десното армирано бетонско платно кај преминот на цевководот за езеро Младост преку суводолицата |
|||
11 |
Утврдување на причината за појавеното протекување на вода од цевководот за езеро Младост непосредно до разделната шахта |
|||
12 |
Мерење на наносот во акумулацијата Лисиче |
|||
13 |
Набавка на услуги за вршење на стручен надзор на изведба или санација на инвестициони објекти на ЈПВ Лисиче-Велес за 2018 год. | |||
14 |
Чистење на просторот околу акумулацијата Лисиче | |||
15 |
Сервис на дизел електричен агрегат на брана Лисиче | |||
16 |
Поправка на лабораториска опрема UV-Pastel Analizer и техничка лабораториска вага | |||
17 |
Санација на редени бетонски блокови после Излезна градба на брана Лисиче | |||
18 |
Санациони работи на телото на брана Отовица врз основа на проект | |||
19 |
Санација на неповолна филтра циона појава на брана Лисиче, Геотехнички истражувања, елаборат со ревизија и основен проект со ревизија | |||
20 |
Набавка на компјутерска опрема |
140.000 |
0 |
|
21 |
Набавка на теренско моторно возило |
920.000 |
0 |
|
22 |
Набавка на резервни делови за хидромеханичка и електро опрема на брана Лисиче |
|||
23 |
Сервисирање на камери за видеонадзор на брана Лисиче |
80.000 |
0 |
|
24 |
Мерење на отпор на заземјување | |||
25 |
Набавка на акумулатори за мерни станици и систем за узбуна и тревога |
200.000 |
0 |
|
26 |
Изведба на санација на брана Лисиче за неповолна филтрација врз основа на изработена техн. документација | |||
27 |
Техничко обезбедување на објектите на брана Лисиче | |||
28 |
Трошоци за експропријација и изработка на геодетски елаборати | |||
29 |
Ажурирање на Физибилити студија за енергетско искористување на водите од Хидросистемот Лисиче | |||
30 |
Консултантски услуги и превод на документација за постапка за ЈПП | |||
31 |
Подготовка на тендерска документација и објавување на меѓународен јавен повик за ЈПП | |||
ВКУПНО I : |
1.445.000 |
0 |
0 |
|
32 |
Трошоци за тековно работење по Финансискиот план за 2018 год. |
4.300.000 |
3.676.988 |
86 |
33 |
Отплата на главнина по шпанскиот кредит |
0 |
0 |
0 |
34 |
Отплата на камата по кредит |
0 |
0 |
0 |
ВКУПНО II: |
5.745.000 |
3.676.988 |
64 |
Табела II – 3
ред. бр. |
Планирани инвестициони активности за соодветното тромесечие согласно Годишната инвестициона прорама) |
Планирани вкупни средства за реализација на соодв. инвестициона активност во тромесечие согласно Програмата за работа |
Реализирани вкупни средства за соодв. инвест. актив. за тромесеч.согласно Годиш.инвестициона програма |
Процент на реализ. на планираните вкупни средства |
1 |
Тековно одржување, промена на уље хидрол и редовна контрола на хидраулични системи |
75.000 |
0 |
|
2 |
Контрола и сервис на катодна заштита на цевководот од излезна градба до тиролскиот зафат |
|||
3 |
Геодетски мерења на брана „Лисиче” при мин. и макс. ниво на водата (две мерења)и брана Отовица (едно мерење) |
|||
4 |
Студии за анализа-регистрација на силни земјотреси за брана „Лисиче” и за брана Отовица |
250.000 |
250.000 |
100 |
5 |
Сеизмички мониторинг, одржување на сеизмолошки инструменти за брана „Лисиче” и за брана Отовица |
300.000 |
300.000 |
100 |
6 |
Елаборати за анализа и оценка на стабилноста и функц. на браните со придр. објекти околу браните и акумулациите „Лисиче” и Отовица |
0 |
118.800 |
|
7 |
Изведба на армирано бетонско корито после Томсоновиот прелив на брана Лисиче |
|||
8 |
Тековно одржување на системот за узбунување и трвожење |
30.000 |
0 |
|
9 |
Чистење пред зафатот на река Врановска 15на таложницата од истиот, поправка на зашт. ограда и ископ на канал покрај патот |
|||
10 |
Санирање на основата на десното армирано бетонско платно кај преминот на цевководот за езеро Младост преку суводолицата |
|||
11 |
Утврдување на причината за појавеното протекување на вода од цевководот за езеро Младост непосредно до разделната шахта |
|||
12 |
Мерење на наносот во акумулацијата Лисиче |
|||
13 |
Набавка на услуги за вршење на стручен надзор на изведба или санација на инвестициони објекти на ЈПВ Лисиче-Велес за 2018 година | |||
14 |
Чистење на просторот околу акумулацијата Лисиче | |||
15 |
Сервис на дизел електричен агрегат на брана Лисиче | |||
16 |
Поправка на лабораториска опрема UV-Pastel Analizer и техничка лабораториска вага | |||
17 |
Санација на редени бетонски блокови после Излезна градба на брана Лисиче | |||
18 |
Санациони работи на телото на брана Отовица врз основа на проект | |||
19 |
Санација на неповолна филтрациона појава на брана Лисиче, Геотехнички истражувања, елаборат со ревизија и основен проект со ревизија | |||
20 |
Набавка на компјутерска опрема |
140.000 |
0 |
|
21 |
Набавка на теренско моторно возило |
920.000 |
0 |
|
22 |
Набавка на резервни делови за хидромеханичка и електро опрема на брана Лисиче |
0 |
220.610 |
|
23 |
Сервисирање на камери за видеонадзор на брана Лисиче |
80.000 |
0 |
|
24 |
Мерење на отпор на заземјување | |||
25 |
Набавка на акумулатори за мерни станици и систем за узбуна и тревога |
200.000 |
0 |
|
26 |
Изведба на санација на брана Лисиче за неповолна филтрација врз основа на изработена техн. документација | |||
27 |
Техничко обезбедување на објектите на брана Лисиче | |||
28 |
Трошоци за експропријација и изработка на геодетски елаборати | |||
29 |
Ажурирање на Физибилити студија за енергетско искористување на водите од Хидросистемот Лисиче | |||
30 |
Консултантски услуги и превод на документација за постапка за ЈПП | |||
31 |
Подготовка на тендерска документација и објавување на меѓународен јавен повик за ЈПП | |||
ВКУПНО I : |
1.995.000 |
1.089.410 |
54 |
|
32 |
Трошоци за тековно работење по Финансискиот план за 2018 год. |
4.300.000 |
3.676.988 |
86 |
33 |
Отплата на главнина по шпанскиот кредит |
10.390.000 |
10.356.379 |
100 |
34 |
Отплата на камата по кредит |
560.000 |
568.752 |
102 |
ВКУПНО II: |
17.245.000 |
15.691.529 |
91 |