ЈПВ Лисиче има визија да постигне статус на претпријатие од ранг на модерните претпријатија кои се бават со водоснабдителни дејности.
Ова претставува збир од долгорочни определби што опфаќаат:
- Развој на постоечки сегменти и воведување на нови во обавувањето на основните и пропратните водоснабдителни дејности;
- Примена на модерните техничко-технолошки достигнувања;
- Едукација и развој на сопствените кадри;
- Зацврстување и зајакнување на постоечката улога на претпријатие со квалитетен сервис за граѓаните, со желба да се достигне највисок квалитет во обавувањето на дејноста.