Нова метеоролошка станица поставена на брана Лисиче
ЈПВ „Лисиче” -Велес успешно постави нова метеоролошка станица на брана Лисиче.
Новиот систем за мониторинг ќе ги следи параметрите како:
- Брзина и насока на ветер;
- Температура на воздухот и влажност на воздухот;
- Мерење на врнежи;
- Атмосферски притисок;
- Соларна радијација;
Податоците од метеоролошката станица се интегрирани и прикажани во SCADA системот, што овозможува континуиран мониторинг и анализа на параметрите во реално време.
Дополнително, податоците се складираат во база на податоци од моментот на поставување на станицата, што овозможува долгогодишно следење и анализа на метеоролошките услови и трендови.
Оваа метеоролошка станица ќе ги обезбеди сите потребни податоци за мониторирање на метеоролошките услови, што е клучно за ефикасно и безбедно управување со браната.

