Нова опрема за поквалитетен воздух и вода
Се засилува следењето на квалитетот на водите во земјава, а со тоа и се поедноставува работата на хидроисистемот „Лисиче“, од кој Велес се снабдува со вода за пиење.

Инспекторатот за заштита на животна средина обезбеди нова опрема за мерење на квалитетот на водите на овој хидросистем. Нови апарати за поедноставно следење на квалитетот на водата добија и лекарите од центарот за јавно здравје во Велес. Опремата што инспекторатот им ја додели, чини речиси 100 илјади евра и е обезбедена од ИПА фондовите на Европската Унија.
„Ќе се зајакнат капацитетите, односно ќе се зајакне монитрингот на водите кој и досега го вршевме, но со оваа опрема ќе имаме уште подобри податоци“ – вели Пановски – директор на ЈВП „Лисиче“.
Освен „Лисиче“ и центарот за јавно здравје во Велес, нова опрема добиваат и центрите за јавно здравје од Скопје, Битола, Тетово, но и универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, и хидробиолошкиот институт од Охрид. Се работи за апарати кои овозможуваат побрзи и поквалитетни анализи на вода, но и за присуството на пм 10 честички во воздухот, како и резултати од мерење на бучавата во градовите.
„Ќе добиеме навремени,веродостојни и брзи резултати за да може да имаме и брза реакција“ – вели Дарко Блинков – советник за меѓународна соработка во Инспекторатот за животна средина
Лел од новата опрема беше промовирана во објектот на браната на хидросистемот Лисиче, а грчки експерти ги обучуваа вработените како да ракуваат со неа.
