Правилник за систематизација на работни места

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
………………………………………………………………………………………………….

ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ВОДОСТОПАНСТВО
,,ЛИСИЧЕ”- ВЕЛЕС

П Р А В И Л Н И К

ЗА СИСТЕМАТИЗАЦИЈА НА РАБОТНИ МЕСТА ВО

ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ВОДОСТОПАНСТВО

,,ЛИСИЧЕ“ – ВЕЛЕС

Велес
Декември 2017 година

Врз основа на член 17 став (7) од Законот за вработените во јавниот сектор (“Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14 и 27/16), директорот на Јавното претпријатие за водостопанство Лисиче – Велес на ден 25.12.2017 година, донесе

ПРАВИЛНИК
за систематизација на работни места во Јавното претпријатие за водостопанство ЛИСИЧЕ

I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

Член 1
Со овој правилник се утврдува вкупен број од 33 извршители за 26 работни места (административни службеници, даватели на услуги, помошно – технички лица) во ЈПВ Лисиче, реден број, шифра, назив, посебни услови потребни за извршување на работите и на задачите на одделните работни места, како и описот на работните места, распоредени по организациони единици, утврдени согласно Правилникот за внатрешна организација на Јавното претпријатие за водостопанство Лисиче број 01-438/1 од 25.12.2017 година.

Член 2
Работите и задачите што се вршат во ЈПВ Лисиче, се определуваат, согласно нивната сродност, меѓусебна поврзаност, видот, обемот и степенот на сложеноста, одговорноста и другите услови за нивното извршување.

Член 3
Работите и задачите утврдени со овој правилник претставуваат основа за вработување и распоредување на вработените во ЈПВ Лисиче.

Член 4
Табеларниот преглед (работна карта) на работните места во ЈПВ Лисиче-Велес е приложена во Правилниот за внатрешна организација 01-438/1 од 25.12.2017 година.

II. РАСПОРЕД И ОПИС НА РАБОТНИТЕ МЕСТА НА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ

Член 5
Во овој правилник се утврдени и опишани вкупно 10 (десет) работни места со по еден извршител за секое работно место на административните службеници (јавни службеници),две работни места кај Б4 и пет работни места кај В1, распоредени по организациони единици согласно Правилникот за внатрешна организација на ЈПВ Лисиче-Велес бр. 01-438/1 од 25.12.2017 година.

Член 6
Работните места од членот 5 на овој правилник се распоредени на следниот начин:
(административни службеници)
Ниво Б1 – 1 (едно)
Ниво Б2 – 1 (едно)
Ниво Б3 – /
Ниво Б4 – 2 (две)
Ниво В1 – 5 (пет)
Ниво В2 – /
Ниво В3 – /
Ниво В4 – /
Ниво Г1 – 1(едно)
Ниво Г2 – /
Ниво Г3 – /
Ниво Г4 – /

Член 7
Општи услови утврдени со Законот за административните службеници се:
да е државјанин на Република Македонија,
активно да го користи македонскиот јазик,
да е полнолетен,
да има општа здравствена способност за работното место и
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Член 8
(1) Посебни услови утврдени со Законот за административни службеници за раководните административни службеници од категоријата Б се:
Стручни квалификации за сите нивоа, ниво на квалификации VIA, според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен,
Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
Потврда за положен испит за административно управување,
Работно искуство и тоа:
За нивото Б1 најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку десет години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор,
За нивото Б2 најмалку пет години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку осум години работно исксутво во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор или
За нивоата Б3 и Б4 најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.
познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) и тоа:
а) нивоата Б1 и Б2 преку поседување на меѓународен признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на Б2 (В2) нивото на ЦЕФР, односно ИЕЛТС со 5-6 поени, ФЦЕ, БЕК В, ИЛЕК, ИКФЕ, БУЛАТС, или Аптис, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 500 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 175 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 60 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ или Гете сертификат, Тест Даф и
за нивоата Б3 и Б4 преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на Б1 (В1) нивото на ЦЕФР односно ИЕЛТС со 3,5 – 4,5 поени, ПЕТ, БЕК П, БУЛАТС, или Аптис, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 450 бода , ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 135 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 45 бода или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ или Гете сертификат.

(2) Потребни општи работни компетенции на напредно ниво:
– учење и развој,
– комуникација,
– остварување резултати,
– работење со други/тимска работа,
– стратешка свест,
– ориентираност кон странките,
– раководење,
– финансиско управување.

Член 9
(1) Посебни услови утврдени со закон за стручните административни службеници од категоријата В се:
Стручни квалификации и тоа:
За нивото В 1 ниво на квалификациите VI A според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен и
За нивоата В 2, В 3 и В 4 ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,
Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
Работно искуство и тоа:
За нивото В 1 најмалку три години работно искуство во струката,
За нивото В 2 најмалку две години работно искуство во струката,
За нивото В 3 најмалку една година работно искуство во струката,
За нивото В 4 со или без работно искуство во струката.
познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) и тоа поседување на меѓународен признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР, односно КЕТ, ИЕЛТС со минимум 3 поени, БУЛАТС, или Аптис, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ или Гете сертификат.

2) Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
– учење и развој,
– комуникација и управување,
– остварување резултати,
– работење со други/тимска работа.

Член 10
(1) Посебни услови утврдени со Законот за административните службеници за помошно – стручни административни службеници од категоријата Г се:
Ниво на стручни квалификации V A или ниво на квалификации
IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити
Според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование,
Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
Работно искуство и тоа:
За нивото Г 1 најмалку три години работно искуство во струката,
За нивото Г 2 најмалку две години работно искуство во струката,
За нивото Г 3 најмалку една година работно искуство во струката,
За нивото Г 4 со или без работно искуство во струката.
познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) и тоа поседување на меѓународен признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на А1 (А1) нивото на ЦЕФР, односно БУЛАТС, или Аптис, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 310 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 35 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 10 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ или Гете сертификат.

(2) Потребни општи работни компетенции на основно ниво:
Учење и развој,
Комуникација,
Остварување резултати,
Работење со други/тимска работа,
Ориентираност кон странките/засегнати страни

III. РАСПОРЕД И ОПИС НА РАБОТНИТЕ МЕСТА НА ДАВАТЕЛИTE НА УСЛУГИ

Член 11
Во овој правилник се утврдени и опишани вкупно 11(единаесет) работни места со по еден извршител, а кај Оператор на објекти и опрема има 5(пет)извршители, распоредени по организациони единици согласно Правилникот за внатрешна организација на ЈПВ Лисиче број 01-438/1 од 25.12.2017 година.

Член 12
Работните места на давателите на услуги од членот 11 на овој правилник се распоредени на следниот начин:
( Категорија А раководни)
Ниво А1 – 1(еден)
Ниво А2 – /
Ниво А3 – 2(две)
Ниво А4 –
(Категорија Б стручни)
Ниво Б1 – 7 (седум)
Ниво Б2 –
Ниво Б3 – 5 (пет)
Ниво Б4 – 1 (едно)
(Категорија В помошно – стручни)
Ниво В1 –
Ниво В2 – /

Член 13
Општи услови утврдени со Законот за јавни претпријатија за давателите на услуги во ЈПВ Лисиче се:

да е државјанин на Република Македонија,
активно да го користи македонскиот јазик,
да е полнолетен,
да има општа здравствена способност за работното место и
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Член 14
(1) Посебни услови утврдени со Законот за јавни претпријатија за давателите на услуги од категоријата А се:
Најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен:
За нивото А1 најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор,
За нивото А2 најмалку три години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку пет години работно исксутво во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор или
За нивоата А3 и А4 најмалку две години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку четири години работно искуство од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.
познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) и тоа поседување на меѓународен признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на А1 (А1) нивото на ЦЕФР, односно БУЛАТС, или Аптис, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 310 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 35 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 10 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ или Гете сертификат.
2) Потребни општи работни компетенции на А нивоа:
За нивото А:
– учење и развој,
– комуникација,
– остварување резултати,
– работење со други/тимска работа,
– стратешка свест,
– ориентираност кон странките и
– раководење

Член 15
(2) Посебни услови утврдени со Законот за јавни претпријатија за давателите на услуги од категоријата Б се:
За нивото Б 1 стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VI Б степен,
За нивоата Б2, Б3 и Б4 стекнато најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование.
Работно искуство и тоа:
За нивото Б 1 најмалку три години работно искуство во струката,
За нивото Б 2 најмалку две години работно искуство во струката,
За нивото Б 3 најмалку една година работно искуство во струката,
За нивото Б 4 со или без работно искуство во струката.

(3) Потребни општи работни компетенции на Б нивоа:
За нивото Б 1:
– учење и развој,
– комуникација,
– остварување резултати,
– работење со други/тимска работа,
– стратешка свест,
– ориентираност кон странките и
– раководење

За нивото Б2, Б3 и Б4:
– учење и развој,
– комуникација,
– остварување резултати,
– работење со други/тимска работа и
– ориентираност кон странките

Член 16
(1) Посебни услови утврдени со Законот за јавни претпријатија за давателите на услуги во ЈПВ Лисиче, од категоријата В се:
за сите нивоа – најмалку ниво на квалификации I или основно образование;
работно искуство, и тоа:
за нивото В1  најмалку една години работно искуство во струката;
за нивото В2 со или без работно искуство во струката.

(4) Потребни општи работни комепетенции на В нивоа:
-комуникација
-работење со други/тимска работа

IV. РАСПОРЕД И ОПИС НА РАБОТНИТЕ МЕСТА НА ПОМОШНО – ТЕХНИЧКИ ЛИЦА

Член 18
Во овој правилник се утврдени и опишани вкупно 5 (пет) работни места со по еден извршител, додека за Општ работник има 2 (два) извршители, кај Портир-евидентичар- 3 (три) извршители, распоредени по организациони единици согласно Правилникот за внатрешна организација на ЈПВ Лисиче број 01-438/1 од 25.12.2017 година.

Член 19
Работните места од членот 18 на овој правилник се распоредени на следниот начин:

(одржување на објекти и опрема)
Ниво А1 – 1 – помошно-технички лица од прво ниво
Ниво А2 – 1 – помошно-технички лица од второ ниво
Ниво А3 – 3 – помошно-технички лица од трето ниво

(обезбедување на објекти и опрема)
Ниво А1 – 1 – помошно-технички лица од прво ниво
Ниво А2 – 1 – помошно-технички лица од второ ниво
Ниво А3 – 3 – помошно-технички лица од трето ниво

(превоз на лица и опрема)
Ниво А1 – 1 – помошно-технички лица од прво ниво
Ниво А2 – 1 – помошно-технички лица од второ ниво
Ниво А3 – 3 – помошно-технички лица од трето ниво

Член 20
Општи услови утврдени со Законот за јавни претпријатија, Законот за работни односи за помошно – техничките лица се:
да е државјанин на Република Македонија,
активно да го користи македонскиот јазик,
да е полнолетен,
да има општа здравствена способност за работното место и
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

Член 21
(1) Посебни услови утврдени со Закон за јавни претпријатија, Законот за работни односи за сите помошно –техничките лица во ЈПВ Лисиче, за сите категории се:
Стручни квалификации:
помошно-технички лица од прво ниво (А1), со најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четиригодишно средно образование,
– помошно-технички лица од второ ниво (А2), со најмалку ниво на квалификации III, 180 кредити според ЕЦВЕТ или тригодишно средно образование и
– помошно-технички лица од трето ниво (А3) со најмалку ниво на квалификации I или основно образование
Работно искуство, и тоа:
за нивото А1 – најмалку една година работно искуство во струката
за нивото А2 – најмалку една година работно искуство во струката
за ниво А3 – со или без работно искуство во струката.

Сектор
Одделение

V. ТАБЕЛАРЕН ПРИКАЗ НА РАБОТНИТЕ МЕСТА ВО ЈПВ ЛИСИЧЕ-ВЕЛЕС

Реден број и шифра
1.КДР 01 02 Б01 022
Звање на работно место

Назив на работно место
Помошник директор
Број на извршители
1 (еден)
Вид на образование
Правни науки, Економски науки, Градежништво и водостопанство
Други посебни услови

Работни цели

Ја организира и координира работата на Сектор за финансиски, правни и општи работи и Техничкиот сектор;
Ги спроведува и извршува одлуките на директорот и Управниот одбор;
Ги следи и спроведува заклучоците и одлуките на Владата на РМ и надлежните министерства.

Работни задачи

Се грижи за законито работење на претпријатието и постапување по законите и општите акти , како и спроведување на деловната политика на претпријатието;
Ги изработува и предлага текстовите на општите акти, правилници, систематизација и сл. во склад со сите измени на законските одредби;
Непосредно се ангажира за обезбедување на финансиски средства и инвестиции за непречено функционирање и исплата на плата и останати трошоци на претпријатието;
Го заменува директорот во негово отсуство, а истовремено е одговорен пред него за својата работа,
Ја организира и координира работата на финансовиот и техничкиот сектор и дава конкретни предлози за извршување на работни цели и задачи,
Се грижи за спроведување на деловната политика на претпријатието, примена на прописите и стандардите на работењето,
Води постапка за материјалната и дисциплинската одговорност на вработените.
Одговара пред
Директор

I. СЕКТОР ЗА ФИНАНСИСКИ, ПРАВНИ И ОПШТИ РАБОТИ

1. Сектор Сектор за финансиски,правни и општи работи
1.1 Одделение
Реден број и шифра
2. КДР 01 02 Б02 062
Звање на работно место

Назив на работно место
Раководител на Сектор за финансиски, правни и општи работи
Број на извршители
1 (еден)
Вид на образование
Економски науки и Правни науки
Други посебни услови
За економски науки- овластен сметководител
За правни науки-положен правосуден испит

Работни цели

Ја организира и координира работата на секторот за финансиски, правни и општи работи;
Ги спроведува и извршува одлуките на директорот и Управниот одбор;
– Ги следи и спроведува заклучоците и одлуките од Владата на РМ и надлежните министерства;
– Учествува во Комисија за селекција на
јавен службеник, ги изработува сите акти и
документи кои се однесуваат на вработување
и селектирање на службеникот и се грижи за
спроведувањето на испитот за јавен службеник;

Работни задачи

Ги изработува и усогласува со директорот Годишните планови и програми, Годишната инвестициона програма, Финансискиот план и за нив мислење дава Надзорниот одбор, донесува одлуки за усвојување Управниот одбор и се врши доставување до Влада на РМ;
Изработува Годишна сметка, Годишен извештај и Финансиски извештај, како и периодични извештаи, кој се образложуваат пред УО, НО и пред Владата на РМ за нивно усвојување. Одговорен е за Ревизијата на материјалното и финансиското работење.
Подготвува и изработува текстови на информации, Предлог Одлуки и заклучци кои се доставуваат и одобруваат во постапка пред Владата на РМ;
Учествува во работата на седниците на УО и НО, во образложение по точките на дневен ред,
Ги следи постапките за јавни набавки и склучувањата на договорите со понудувачите и комитентите;
Ги изготвува и припрема сите налози, книжења, аналитика, биланси и сл., како и електронско доставување на даночни пријави,
– Води кадрова евиденција на вработените,
– Oрганизира и го застапува претпријатието пред надлежните државни органи и го застапува претпријатието во судските спорови,
– одговорно лице во ЕСУЧР при МИОА;
координатор во Е-Влада на РМ за мултиплатформски систем
Одговара пред
Директор на претпријатието

1. Сектор Сектор за финансиски,правни и општи работи
1.2 Одделение Одделение за финансии
Реден број и шифра
3. КДР 01 02 Б04 007
Звање на работно место

Назив на работно место
Раководител на одделение за финансии
Број на извршители
1 (еден)
Вид на образование
Економски науки
Други посебни услови

Работни цели

– Навремено планирање, организирање, и извршување на сметководствените и финансовите работи во одделението;
– Врши стручна анализа на прашањата од областа на финансиите и сметководството;
– Врши непосредна контрола и надзор над извршувањето на работните задачи на другите вработени во одделението.
Работни задачи

– Врши раководни, плански, материјално- финансиски, сметководствени и други работи од административна природа заради постигнување на целите на работното место;
– Изработува извештаи поврзани со работните активности на претпријатието;
– Остварува комуникација со финансиските институции, банки, Управата за јавни приходи и други и ги организира и реализира сите активности поврзани со тие институции
– Ја следи финансиската состојба на претпријатието и се грижи за зачувување на ликвидноста и солвентноста преку координирана и навремена наплата на побарувањата од купувачите како и планско исполнување на обврските;
– Ја следи реализацијата на договорите за наводнување и изработува извештаи поврзани со наводнувањето;
– Врши контрола над целокупната смектоводствена и друга документација пред да се пристапи кон нејзина реализација;
– Ја следи реализацијата на договорите за регулација на речните корита.
– Извршува и останати работни задачи поврзани со работното место.
Одговара пред
Раководител на сектор за финансиски, правни и општи работи

1.Сектор Сектор за финансиски,правни и општи работи
1.1. Одделение Одделение за финансии
Реден број и шифра
4. КДР 01 02 В01 003
Звање на работно место

Назив на работно место
Советник за финансиско сметководство
Број на извршители
1 (еден)
Вид на образование
Економски науки
Други посебни услови
Уверение за овластен сметководител
Работни цели

Навремено и редовно извршување на сметководствените и финансиските работи
Врши книжење на сметководствените налози, ја води благајната и изготвува излезни фактури
Се грижи за целокупниот платен промет, изготвува налози за плаќање и врши пресметка на плата за вработените
Работни задачи

– Ги извршува сите активности поврзани со одвивање на платниот промет на претпријатието,
– Врши книжење на сметководствената
документација во дневник, главна книга и
помошни книги;
– Изработува пресметки на плата; изработува
излезни фактури, каматни листи
– Врши пресметка на Данок на додадена вредност;
– Изработува Завршна сметка,
Изготвува соодветни обрасци за надоместоците за боледувања и ги поднесува до ФЗОМ.
Изготвува компензации, цесии ,асигнации,
Ги анализира аналитичките картици на побарувањата и обврските и врза база на тоа доставува предлози до непосредниот раководител,
Подготвува документација за поднесување на налог за извршување за ненаплатени побарувања и за поднесување на тужби,
Го спроведува плаќањето кон доверителите со изработка на налози,
Извршува и останати административни работи поврзани со работното место

Одговара пред
Раководител на одделение за финансии
Раководител на Сектор за финансиски, правни и општи работи

1.Сектор Сектор за финансиски,правни и општи работи
1.1. Одделение Одделение за финансии
Реден број и шифра
5. КДР 01 02 В01 003
Звање на работно место

Назив на работно место
Советник за економски прашања
Број на извршители
1 (еден)
Вид на образование
Економски науки
Други посебни услови
Уверение за овластен сметководител
Работни цели

Давање на совети за навремено и редовно извршување на сметководствените и финансиските работи
Давање совети за книжење на сметководствените налози, ја води благајната и изготвува излезни фактури
Давање предлози за целокупниот платен промет, изготвува налози за плаќање и врши пресметка на плата за вработените
Работни задачи

– Советување за сите активности поврзани со одвивање на платниот промет на претпријатието,
– Врши книжење на сметководствената
документација во дневник, главна книга и
помошни книги;
– Изработува пресметки на плата; изработува
излезни фактури, каматни листи
– Врши пресметка на Данок на додадена вредност;
– Изработува Завршна сметка,
Изготвува соодветни обрасци за надоместоците за боледувања и ги поднесува до ФЗОМ.
Изготвува компензации, цесии ,асигнации,
Ги анализира аналитичките картици на побарувањата и обврските и врза база на тоа доставува предлози до непосредниот раководител,
Подготвува документација за поднесување на налог за извршување за ненаплатени побарувања и за поднесување на тужби,
Го спроведува плаќањето кон доверителите со изработка на налози,
Извршува и останати административни работи поврзани со работното место

Одговара пред
Раководител на одделение за финансии
Раководител на Сектор за финансиски, правни и општи работи

1.Сектор Сектор за финансиски, правни и општи работи
1.2.Одделение Одделение за општо правни работи и човечки ресурси
Реден број и шифра
6. КДР 01 02 Б04 075
Звање на работно место

Назив на работно место
Раководител на одделение за општо правни работи и човечки ресурси
Број на извршители
1 (eден)
Вид на образование
Правни науки
Други посебни услови
Правосуден испит,
Работни цели

Навремено изработување на правни акти на претпријатието, се грижи за правилна примена на закони и подзаконски акти од областа на управување со човечки ресурси
Ефикасна и квалитетна обработка на барања за објавување на јавен оглас за службеник
Работни задачи

Раководи со одделението,ја насочува и ја координира работата во одделението;
Учество во Комисија за јавни набавки и изработка на договори за јавни набавки;
Подготвува материјали за донесување на општите акти на претпријатието и учествува во изготвувањето;
Ги следи законските прописи и врши усогласување на измените на законите со општите акти на претпријатието;
Врши законско застапување на претпријатието пред правосудните органи и во постапките пред други органи, со сите овластувања согласно законските прописи и општите акти на претпријатието;
Учествува во Комисија за селекција на јавен службеник, ги изработува сите акти и документи кои се однесуваат за вработување и селектирање на службеникот, се грижи за спроведувањето на испитот за јавен службеник;
Планира и учествува во постапки за дисциплинска, материјална и друга одговорност;
Спроведување на постапката за вработување на работници во претпријатието, врши пријава и одјава во Агенција за вработување;
Извршува и други административни работи доделени од претпоставениот поврзани со работното место.

Одговара пред
Раководителот на Сектор за финансиски, правни и општи работи

1.Сектор Сектор за финансиски, правни и општи работи
1.2.Одделение Одделение за општо правни работи и човечки ресурси
Реден број и шифра
7. КДР 01 02 В01 067
Звање на работно место

Назив на работно место
Советник за административно – правни работи и управување со човечки ресурси
Број на извршители
1 (еден)
Вид на образование
Правни науки
Други посебни услови
Правосуден испит
Работни цели

-Вршење на административно стручни и нормативно правни работи согласно законските прописи и правните акти во претпријатието
– Извршување на работи од областа на управувањето со човечките ресурси
Работни задачи

Учествува во воспоставување на облигациони односи, изготвува договори и сугерира измени и дополнувања на договорните односи.
Подготвува текстови и материјали за донесување на општите акти на претпријатието и ги изготвува до ниво на предлог акти.
Ги следи законските прописи и врши усогласување на измените на законите со општите и поединечни акти на претпријатието.
Врши законско застапување на претпријатието пред правосудните органи и во постапките пред други органи, со сите овластувања согласно законските прописи и општите акти на претпријатието;
Иницира, дава толкување и совети за измени и дополнување на општите и поединечни акти.
Водење на записници од седници на Управен одбор и Надзорен одбор, изработка на записници и одлуки од седниците;
Спроведување на постапката за вработување на работници во претпријатието, врши пријава и одјава во Агенција за вработување; објавување на јавен оглас преку Aгенција за администрација
Ги спроведува прописите и употребата на печатите и штембилите на претпријатието,
Врши ажурно водење на документација и архивирање на истата во деловодникот,
Извршува и останати административни работи поврзани со работното место.
Одговара пред
Раководител на Одделение за општо правни работи и човечки ресурси
Раководител на Сектор за финансиски, правни и општи работи

1.Сектор Сектор за финансиски, правни и општи работи
1.2.Одделение Одделение за општо правни работи и човечки ресурси
Реден број и шифра
8. КДР 01 02 В01 071
Звање на работно место

Назив на работно место
Советник за спроведување на јавни набавки
Број на извршители
1 (еден )
Вид на образование
Економски науки
Други посебни услови
-Потврда за положен испит за јавни набавки.

Работни цели

Координирање за подготвување на Планот за јавни набавки и ги води и спроведува постапките за јавни набавки
Вршење на работите од областа на јавните набавки
Работни задачи

Ја координира подготовката за Планот за јавни набавки;
Изготвува одлука за јавна набавка;
Го објавува огласот за јавна набавка;
Ја советува Комисијата за јавни набавки при спроведување на постапка за доделување на договор за јавна набавка, постапува согласно роковите утврдени во Закон за јавни набавки;
Ги подготвува потребните акти врз основа на извештајот од спроведената постапка;
Ги ажурира податоците кои согласно со овој закон се доставуваат во ЕСЈН;
Објавува негативна референца во ЕСЈН согласно со условите од ЗЈН;
Дава насоки и упатства на договорниот орган во врска со постапување во жалбената постапка во соработка со комисијата за јавна набавка;
– Врши останати работи согласно Закон за јавни набавки;

Одговара пред
Раководител на Одделение за општо правни работи и човечки ресурси
Раководител на Сектор за финансиски, правни и општи работи

1.Сектор Сектор за финансиски, правни и општи работи
1.2.Одделение Одделение за општо правни работи и човечки ресурси
Реден број и шифра
9. КДР 01 02 В01 022
Звање на работно место

Назив на работно место
Советник за информатичка технологија
Број на извршители
1 (еден)
Вид на образование
Информатика
Други посебни услови

Работни цели

– Извршување на работи од областа на информатичката технологија
– Донесување и изработка на соодветни апликативни софтверски решенија и документи
Работни задачи

Средување и ажурирање на целокупната документација во претпријатието во електронска верзија.
Изготвување на апликативни софтвер решенија и пристап до електронската база на податоци.
Координација по електронски пат на одделенијата и секторите,
Подготовка и обука на вработените за средување на документацијата и изработка на апликативни и софтверски решенија за поефикасно функционирање на секторите,
Управување и раководење на работењето по пат на единствена база на податоци,
Припрема и инсталирање на дигитални сертификати, токени, УСБ и сл. инсталации.
Инсталирање и одржување на електронската опрема, хардвер, софтвер и сл.
Задолжен за одржување и водење на ВЕБ страна на претпријатието, како и редовно ажурирање и објавување на сите одлуки, новости и решенија на претпријатието.
дава техничка поддршка и помош на вработените во претпријатието;
Извршува и останати административно технички работи поврзани со работното место.
Одговара пред
Раководител на Одделение за општо правни работи и човечки ресурси
Раководител на Сектор за финансиски, правни и општи работи

1.Сектор Сектор за финансиски, правни и општи работи
1.2.Одделение Одделение за општо правни работи и човечки ресурси
Реден број и шифра
10. КДР 01 02 Г01 040
Звање на работно место

Назив на работно место
Архивар
Број на извршители
1 (еден)
Вид на образование

Средно/вишо

Други посебни услови
Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,

Работни цели

-Извршување на тековни работни активности во архивско работење и кацелариско работење на претпријатието,
-закажува состаноци по налог на директорот,
Работни задачи

-извршува помошно техничко-архивски работи;
-ја средува Листата на архивски знаци;
-води роковник, интерна книга и други книги сврзани со работата на архивата;
-го води електронскиот деловодник за архивата на претпријатието;
-води евиденција и сметка за предметите ;
-води евиденција и сметка на достава на документација во секторите на претпријатието;
– ја прима, ја заведува, распоредува поштата,
– ракува со печатите и штембилите на претпријатието по писмено овластување од директорот.

Одговара пред
Раководител на Одделение за општо правни работи и човечки ресурси
Раководител на Сектор за финансиски, правни и општи работи

1.Сектор Сектор за финансиски, правни и општи работи
1.2 Одделение Одделение за општо правни работи и човечки ресурси
Реден број и шифра
11. КДР 04 01 А03 012
Звање на работно место

Назив на работно место
Општ работник
Број на извршители
2 (два)
Вид на образование
Основно
Други посебни услови
Возачка дозвола од Б категорија

Работни цели

-Општи работи поврзани со одржување на објектите и опремата на претпријатието
Работни задачи

-Врши градежни, занаетчиски и механички работи по налог на претпоставениот раководител.
-Редовно ја одржува, ја полева и искосува тревата и зеленилото на појасот околу контролно административната зграда, складиштето за дамбалкини, пристапниот пат од капија до круна на брана, круната на браната и дирекцијата во Велес.
-Ги чисти каналите за одводнување на телото од браната, покрај пристапниот пат до круна на брана и пристапниот пат од капија до излезна градба.
-Ги одржува и се грижи за исправна состојба на алатот, ситниот инвентар и другите материјални средства.
-Води сметка за заштитната оградата околу браната , акумулацијата и дирекцијата во Велес и ги санира оштетувањата кај истите.
– По потреба извршува и други општи работи поврзани со работното место.
Одговара пред
Раководителот на одделението за општо правни работи и човечки ресурси
Раководител на Сектор за финансиски, правни и општи работи

1.Сектор Сектор за финансиски, правни и општи работи
1.2. Одделение Одделение за општо правни работи и човечки ресурси
Реден број и шифра
12. КДР 04 05 А03 005
Звање на работно место

Назив на работно место
Хигиеничар
Број на извршители
1 ( еден )
Вид на образование
Основно
Други посебни услови
/
Работни цели

– Редовно и навремено одржување на хигиената
во просториите
– Извршување на работите и работните задачи
издадени од непосредниот раководител.
Работни задачи

Врши секојдневно чистење и одржување на хигиената во просториите на административната барака;
Редовно го чисти и одржува кругот и тревнатиот дел на бараката;
Најмалку еднаш неделно врши хигиена во просториите на командната зграда на брана Лисиче;
Приготвува топли напитоци, чај, кафе и друго и ги послужува гостите и ги мие садовите и приборот;
Води грижа за навремено опслужување со средства за хигиена;
По потреба и по налог од претпоставениот извршува работи и работни задачи кој ќе и бидат доделени за одржување на хигиената на работните простории,
Одговара пред
Раководителот на одделението за општо правни работи и човечки ресурси
Раководител на Сектор за финансиски, правни и општи работи

1.Сектор Сектор за финансиски, правни и општи работи
1.2. Одделение Одделение за општо правни работи и човечки ресурси
Реден број и шифра
13. КДР 04 05 А02 002
Звање на работно место

Назив на работно место
Портир – евидентичар
Број на извршители
3 (три)
Вид на образование
Средно образование
Други посебни услови
Возачка дозвола од Б категорија

Работни цели

Извршување на работни задачи поврзани со евидентирање на влез и излез на лица во кругот на објектите на брана Лисиче
Навремено и ефикасно информирање на претпоставените за променетите околности во процесот на работата.
Работни задачи

Врши редовна контрола и обиколка на објектите и опремата (брана, објектите на брана Лисиче, цевководите и друго);
Следи и информира за состојбата на заштитната ограда и се вклучува во санационите активности за истата;
Води книга на евиденција за секое влегување и излегување на лица со име и презиме во кругот на браната Лисиче;
Во случај на инцидентни ситуации, пријавува и алармира до МВР или Агенција за обезбедување доколку е ангажирана.
Се грижи за редовно одржување на објектите и кругот околу браната и врши редовно чистење и отстранување на отпадоци, трева, лисја и сл.
Изготвува неделен извештај за сите настани поврзани со состојбата на објектите на брана Лисиче.
По потреба се ангажира и за други работни задачи поврзани со работното место.

Одговара пред
Раководителот на одделението за општо правни работи и човечки ресурси
Раководител на Сектор за финансиски, правни и општи работи

II. ТЕХНИЧКИ СЕКТОР

2 2. Сектор Технички сектор
2.1 Одделение
Реден број и шифра
14. КДР 01 02 А01 019
Звање на работно место

Назив на работно место
Раководител на технички сектор
(Технички раководител)
Број на извршители
1 (еден)
Вид на образование
Градежништво, водостопанство,електротехника, машинство
Други посебни услови

Работни цели

– Контрола и одржување на водостопанските објекти, редовни мерења и испитувања на годишно ниво на состојбата на браните и хидротехничката опрема
— Зголемување на површините за наводнување;
– Изработка на потребната техничка документација за доизградување на хидросистемот Лисиче;

Работни задачи

– Го планира, организира и раководи работењето на
секторот;
– Го следи извршувањето на сите технички работи на
Хидросистемот Лисиче и на другите водостопански објекти на ЈПВ Лисиче;
– Се грижи за квалитетно и успешно изведување на
објектите и постројките;
– Се грижи за реализација на проектната документација на инвестиционите објекти;
– Го иницира подготвувањето на документацијата на
изведена состојба за новоизградените објекти и
спроведување на останатите активности во врска со
техничките приеми и прегледи
– Го организира и координира работењето со водните
ресурси;
– Го организира и координира вадењето на песок, чакал и камен во функција на подобрување на режимот на
водотеци и делници за кои има добиено дозволи од
МЖСПП;
– Дава мислења од технички аспект, учествува во
изработката на информации и други документи во својата свера;

Одговара пред
Директор

2. Сектор Технички сектор
2.1.Одделение Одделение за водостопанство
Реден број и шифра
15. КДР 03 05 А03 153
Звање на работно место

Назив на работно место
Раководител на одделение за водостопанство
Број на извршители
1 (еден)
Вид на образование
Градежништво, водостопанство,технолошко-металургија
Други посебни услови

Работни цели

– Навремено и стручно извршување на работните цели и задачи дадени од непосредниот раководител
– Редовна контрола и мерења на нивото на акумулациите Лисиче и Отовица и доставување на елаборати и извештаи за истите.
Работни задачи

– Врши раководни планско-административни, организациски, управувачки и извршни работи за постигнување на целите на работното место:
– Планира, организира, извршува, пресметува и ги става во табели мерењата од отворените и затворените пиезометри на Браната Лисиче;
– Планира, организира, извршува и ги става во табели податоците од ќелиите за мерење на порните и вкупните притисоци (вградени во телото на браната уште во текот на изградбата);
– Планира, организира, извршува, пресметува и ги става во табели податоците за количините на провирните води во Контролно-инекционата галерија и Томсоновиот прелив;
– Планира, организира и извршува визуелни набљудувања на телото и сите придружни објекти на Браната Лисиче со пошироката околина и за истите изработува извештаи;
-Секојдневно ги ажурира извештаите за котата на акумулацијата Лисиче, количината на акумулираната вода на таа кота и вкупните испуштања на вода во претходните 24 часа и месечно ги доставува до Управата за хидро метеоролошки работи – Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање;
-Ги планира и одредува количините на вода со кои треба да се изврши темелно или површинско чистење на акумулацијата
-Учествува при изработката на планот за јавни набавки, а со тоа и при изготвувањето на годишната програма на претпријатието.
Oдговара пред
Техничкиот раководител

2.Сектор Технички сектор
2.1.Одделение Одделение за водостопанство
Реден број и шифра
16. КДР 03 05 Б01 090
Звање на работно место

Назив на работно место
Главен инженер за градежни работи
Број на извршители
1 (eден)
Вид на образование
Градежништво и водостопанство
Други посебни услови

Работни цели

– Спроведување на програмите и планот за работа
– Зголемување на површини за наводнување;
– Се грижи за тековно и инвестиционо одржување на браните Лисиче и Отовица, како и редовни контроли и мерења на водостопанските објекти.

Работни задачи

– Врши работи на надзор, планирање и реализација на
инвестициона изградба и развој на претпријатието;
– Ја следи реализацијата на проектната документација и непосредно му укажува на проектантот на разликите меѓу изведбата и документацијата, односно за потребите од нејзиното докомплетирање;
– Се грижи за успешно и квалитетно изведување на
објектите и врши непосредна контрола врз изградбата;
– Се грижи и врши надзор за навремено водење на
градежните книги, дневници и решенија за одговорните лица на изведувачите на објектите;
– Ја следи, реализира и врши проверка на количините на материјалите и ја потврдува нивнат веродостојност
вградена во месечните, годишните, збирните и други
ситуации за извршените работи;
– На градилиштето координира и дава налози за
постапување на изведувачите и на другите субјекти;
– Го следи вадењето на песок, чакал и камен во функција на подобрување на режимот на водотеците согласно склучени договори;
– Забелешките во врск99а со вадењето на песок, чакал и
камен во функција на подобрување на режимот на
водотеците ги внесува во Градежниот дневник;
– За својата работа непосредно соработува, сугерира и добива насоки од раководителот на техничкиот сектор;
– Извршува и останати работи утврдени со Законот за води, Законот за градење и согласно техничките услови и стандарди .
Одговара пред
Раководител на одделение за водостопанство
Техничкиот раководител

2.Сектор Технички сектор
2.1.Одделение Одделение за водостопанство
Реден број и шифра
17. КДР 03 05 Б01 087
Звање на работно место

Назив на работно место
Одговорен градежен инженер
Број на извршители
1 (eден)
Вид на образование
Градежништво и водостопанство
Други посебни услови

Работни цели

– Спроведување на програмите и планот за работа
– Извршување и надзор над градежните работи
– Се ангажира околу доизградување на хидро системот Лисиче, довршувањето на цевководот до езеро Младост и другите градежни објекти.

Работни задачи

– Ја извршува работата како Надзорен орган на објектите во изградба на Хидросистемот Лисиче,
– Ја следи реализацијата на проектната документација и непосредно му укажува на проектантот на разликите меѓу изведбата и документацијата, односно за потребите од нејзиното докомплетирање;
– Се грижи и врши надзор за навремено водење на
градежните книги, дневници и решенија за одговорните лица на изведувачите на објектите;
– Ја следи, реализира и врши проверка на количините на материјалите и ја потврдува нивнат веродостојност
вградена во месечните, годишните, збирните и други
ситуации за извршените работи;
– Врши визуелно набљудување и учествува во
активностите во врска со оскултацијата на
браната Отовица со придружните објекти;
– Го следи вадењето на песок, чакал и камен во функција на подобрување на режимот на водотеците согласно склучени договори;
– Забелешките во врска со вадењето на песок, чакал и
камен во функција на подобрување на режимот на
водотеците ги внесува во Градежниот дневник;
– За својата работа непосредно соработува, сугерира и добива насоки од раководителот на техничкиот сектор;
– Извршува и останати работи утврдени со Закон за води, Закон за градење и согласно техничките услови и стандарди.
Одговара пред
Раководител на одделение за водостопанство
Техничкиот раководител

2.Сектор Технички сектор
II.1 Одделениe Одделение за водостопанство
Реден број и шифра
18. КДР 03 05 Б01 165
Звање на работно место

Назив на работно место
Одговорен за микробиолошки мониторинг на води
Број на извршители
1 (еден)
Вид на образование
Биологија
Други посебни услови
/
Работни цели

– Планирање и организирање на работењето на Лабораторијата за микробиолошки мониторинг на води;
– Реализирање, планирање, организирање и извршување на микробиолошкиот мониторинг на акумулацијата Лисиче и акумулацијата Младост.
Работни задачи

– Врши планско-административни, организациски и извршни работи за непречено функционирање на микробиолошки мониторинг на акумулацијата Лисиче и за постигнување на целите на работното место:
– Изработува месечни и неделни планови за микробиолошките анализи по одредени мерни места;
– Го реализира и извршува микробиолошкиот мониторинг преку вршење на квалитативни и квантитативни анализи на микроорганизмите одредени како микробиолошки индикаторски параметри, по вид, обем и динамика согласно ,,Елаборатот за мониторинг на акумулацијата Лисиче и водотеците кои ја полнат акумулацијата“
– Изработува и чува извештаи од извршените анализи, а по еден примерок доставува до надлежни органи согласно Законот за води;
– Ги дефинира местата на евентуалното загадување по теченијата на водотеците кои ја полнат акумулацијата и го информира Техничкиот раководител за реалните влијанија и потенцијалните последици од таквата состојба врз акумулацијата и врз квалитетот на сировата вода за водоснабдување;
– Го планира, организира и извршува микробиолошкиот мониторинг на водата за наводнување од акумулацијата Младост и
– Извршува и други работни задачи поврзани со работното место.
Одговара пред
Раководител на одделение за водостопанство
Технички раководител

2.Сектор Технички сектор
2.1 Одделение Одделение за водостопанство
Реден број и шифра
19. КДР 03 05 Б01 166
Звање на работно место

Назив на работно место
Одговорен инженер за физичко – хемиска анализа на вода
Број на извршители
1 ( еден )
Вид на образование
Биохемија
Други посебни услови

Работни цели

– Планирање, организирање, извршување на физичко хемиски мониторинг од аспект на акумулацијата Лисиче, сировата вода за водоснабдување и водотеците кои ја полнат акумулацијата;
– Планирање, организирање и вршење на физичко хемискиот мониторинг на водата за наводнување од акумулација Младост.
Работни задачи

Го планира и организира целокупното работење на лабораторијата за физичко-хемиски мониторинг на води;
Изработува месечни и неделни планови за физичко-хемиски анализи на одредени мерни места;
Го извршува физичко-хемискиот мониторинг преку вршење на квалитативни и квантитативни физичко-хемиски анализи и одредени параметри, по вид, обем и динамика согласно ’’Елаборатот за мониторинг на акумулацијата Лисиче и водотеците кои ја полнат акумулацијата”
Изработува и чува извештаи од извршените анализи, а по еден примерок доставува до надлежните органи согласно Законот за водите;
Го информира Техничкиот раководител за состојбата со квалитетот на водата во акумулацијата
Врши планско-административни, организациски, управни и извршни работи за реализација на физичко-хемискиот мониторинг на водата за наводнување од акумулацијата Младост и изработува и чува извештаи од извршените анализи по еден примерок доставува до надлежните органи согласно Законот за води.
Извршува и останати работни задачи поврзани со работното место.
Одговара пред
Раководител на одделение за водостопанство
Технички раководител

2.Сектор Технички сектор
2.2 Одделение Одделение за водостопанство
Реден број и шифра
20. КДР 03 05 Б01 029
Звање на работно место

Назив на работно место
Лаборант за бактериолошки анализи на води
Број на извршители
1 ( еден )
Вид на образование
Биологија, биохемија
Други посебни услови
/
Работни цели

– вршење стерилизација на целокупниот стаклен инвентар, миење и складирање,
– подготвување на реагенси потребни за реализирање на fizi~ko hemiski i mikrobiolo{ki analizi,

Работни задачи

– Gi realizira site potrebni podgotvitelni raboti vo mikrobiolo{kata i fizi~ko hemiskata laboratorija,
– Vr{i sterilizacija na celokupniot staklen inventar, miewe i propisno skladirawe pred negovata povtorna upotreba,
-Gi podgotvuva site reagensi i rastvori potrebni za realizirawe na fizi~ko hemiski i mikrobiolo{ki analizi,
– Po potreba u~estvuva i vo podgotovkata na podlogite za mikrobiolo{kite analzi,
– Sledi i informira za sostojbata so snabdenosta na potrebnite hemiski reagensi i staklen inventar,
– Vr{i destilirawe na voda,
– Vr{i sekojdnevna dezinfekcija na rabotnite povr{ini vo mikrobiolo{kata i fizi~kohemiskata laboratorija,
– Gi poznava i primenuva merkite za za{tita i na~inot so koi se namaluva rizikot od opasnite vlijanija pri rabota vo laboratorija,
– Gi sledi upatstvata i se koordinira so odgovornite za fizi~kohemiska i mikrobiolo{ka analiza,
Извршува и останати работни задачи поврзани со работното место.
Одговара пред
Раководител на одделение за водостопанство
Технички раководител

2.Сектор Технички сектор
2.2 Одделение Одделение за водостопанство
Реден број и шифра
21. КДР 03 05 В01 003
Звање на работно место

Назив на работно место
Ракувач на градежни машини
Број на извршители
Еден (1)
Вид на образование
Основно
Други посебни услови
Положен испит за ракувач со градежни машини
Возачка дозвола од Б категорија
Работни цели

Совесно и ефикасно ракување со градежните машини со навремено нивно сервисирање.
Работни задачи

– Ракува со градежната машина при извршување на работи за потребите на тековното одржување на браната со придружните објекти;
-Редовно ја контролира и одговара за техничката исправност на градежната машина;
-Врши чистење, подмачкување и замена на масло;
-Ги спроведува активностите за сервисите, техничките прегледи и регистрациите;
-Врши отклонување на дефекти во границите на стручност и техничка опременост во консултација со машинскиот инженер;
-Врши редовна контрола на акумулаторите во текот на експлоатацијата и се грижи за нивна исправност;
-Уредно ги пополнува патните и работни налози во однос на поминати километри, изработени часови и потрошено гориво и мазиво;
– Извршува и останати технички работи поврзани со работното место.
Одговара пред
Раководителот на одделението за водостопанство
Технички раководител

2.3

2.Сектор Технички сектор
2.2.Одделение Одделение за водостопанство
Реден број и шифра
22. КДР 03 05 Б04 049
Звање на работно место
Стручен – IV ниво
Назив на работно место
Евидентичар
Број на извршители
1 (eден)
Вид на образование
Средно
Други посебни услови
Возачка дозвола од Б категорија

Работни цели

– Водење на евиденција за извадениот речен материјал ( чакал и песок)
– Внесување на извадените количини на речен материјал во книгата за евиденција и градежниот дневник

Работни задачи

– Врши секојдневна контрола и евиденција на црпењето на материјал од речните корита согласно склучени договори;
– Ако извадениот материјал се транспортира со камион од речното корито до депонија, на возачот му издава испратница во која се внесубваат: дата, количина на извадениот материјал, име и презиме на возачот, бројот на регистерската табличка на камионот и времето на тргнување на камионот.
– Заедно со возачот на камионот ги потпишува испратниците;
– Го потпишува градежниот дневник на крајот на работниот ден;
– Превзема активности за спречување на недозволена
трговија со на песок, чакал и камен;
– Поднесува извештај на Раководителот на одделение
за водостопанство за настанати отстапувања од проектот за вадење на песок, чакал и камен во функција на подобрување на режимот на водотеците;
– По налог на претпоставениот извршува и останати работни задачи во рамките на законот и другите технички услови и стандарди.
Одговара пред
Раководител на одделение за водостопанство
Технички раководител

2.Сектор Технички сектор
2.2Одделение Одделение за електро машински работи
Реден број и шифра
23. КДР 03 05 А03 154
Звање на работно место

Назив на работно место
Раководител на одделение за електро машински работи
Број на извршители
1 (еден)
Вид на образование
Електротехника, машинство, технололошко-металургија
Други посебни услови

Работни цели

– Намалување на трошоците на работењето;
– Успешно, квалитетно и навремено одржување на
хидромеханичката и електро опрема;
– Управување со процесот за снабдување на вода за пиење и наводнување

Работни задачи

– Следи изработка и монтажата на хидромеханичка и
електро опрема и се грижи за нејзино успешно и
квалитетно изведување;
– Воспоставува непосредни контакти со изведувачите на објектот, а особено со изведувачите на хидромеханичка и електро опрема;
– Презема непосредни активности за извршување на
технички преглед и прием на хидромеханичка и
електро опрема;
– Врши надзор на функционирањето и одржувањето на хидромеханичката и хидрауличната опрема, крановите и останатата машинска опрема во ЈПВ Лисиче;
– Заедно со другите вработени во одделението непосредно учествува во превентивно, планско и тековно одржување на опремата;
– Учествува во договарањето и спроведувањето на
режимот на испуштање на водата од акумулациите
Лисиче и Младост;
– Учествува во тестирањето на функционалноста на
хидромеханичката и електро опрема за хавариските
случаи и составува извештај во книгата зa резултатите од тестирањето;
– Учествува во тестирање на функционалноста на системот за узбуна и тревога на населението низводно од браната и составува извештај во книгата за резултатите од тестирањето;
– Извршува и останати работни задачи поврзани со работното место.

Одговара пред
Технички раководител

2.Сектор Технички сектор

2.Сектор Технички сектор
2.2Одделение Одделение за електро машински работи
Реден број и шифра
24.КДР 03 05 Б01 046
Звање на работно место

Назив на работно место
Одговорен електро инженер
Број на извршители
1 (eден)
Вид на образование
Електротехника
Други посебни услови

Работни цели

– Намалување на трошоците на работењето;
– Успешно, квалитетно и навремено одржување на
електро опремата;
Работни задачи

– Се грижи за реализација на проектната документација на инвестиционите објекти и врши надзор на функционирањето и одржувањето на електро опремата во ЈПВ Лисиче;
– Следи изработка и монтажата на хидромеханичка,
хидраулична и електро опрема и се грижи за нејзино
успешно и квалитетно изведување;
– Врши надзор врз функционирањето и одржувањето на хидромеханичката и електро опремата во ЈПВ Лисиче;
– Заедно со другите вработени во одделението непосредно учествува во превентивно, планско и тековно одржување на опремата;
– Учествува во договарањето и спроведувањето на
режимот на испуштање на водата од акумулациите
Лисиче и Младост;
– Учествува во тестирањето на функционалноста на
хидромеханичката и електро опрема за хавариските
случаи;
– Учествува во тестирање на функционалноста на системот за узбуна и тревога на населението низводно од браната;
– Учествува во тестирањето на станицата и опремата за ППЗ заштита, телефонските инсталации и метеоролошката станица,
– Ја следи состојбата со резервните делови и навремено иницира нивна набавка а исто така ја следи работата и иницира активности за одржување на дизел електричниот агрегат, согласно распоредот од производителот;
– Извршува и останати работни задачи поврзани со работното место.
Одговара пред
Раководител на одделение за електро машински работи
Технички раководител

2.Сектор Технички сектор
2.2. Одделение Одделение за електро машински работи
Реден број и шифра
25. КДР 03 05 Б01 045
Звање на работно место

Назив на работно место
Одговорен машински инженер
Број на извршители
1 (еден)
Вид на образование
Машинство
Други посебни услови

Работни цели

– Намалување на трошоците на работењето;
– Успешно, квалитетно и навремено одржување на
хидромеханичката опрема;
Работни задачи

– Се грижи за реализација на проектната документација на инвестиционите објекти и врши надзор на функционирањето и одржувањето на хидромеханичката и хидрауличната опрема, крановите и останатата машинска опрема во ЈПВ Лисиче;
– Следи изработка и монтажата на хидромеханичка,
хидраулична и машинска опрема и се грижи за нејзино успешно и квалитетно изведување;
– Заедно со другите вработени во одделението непосредно учествува во превентивно, планско и тековно одржување на опремата;
– Учествува во договарањето и спроведувањето на
режимот на испуштање на водата од акумулациите
Лисиче и Младост и учествува во тестирањето на функционалноста на хидромеханичката и електро опрема за хавариските случаи;
– Учествува во тестирање на функционалноста на системот за узбуна и тревога на населението низводно од браната;
– Ги организира поправките и присуствува при дијагностика на дефекти на возилата и скипот на ЈПВ Лисиче кај носителот на јавната набавка за одржувањето на возниот парк на ЈПВ Лисиче;
– За извршената поправка, заменетите делови и течности на возилата и скипот потпишува испратница за секое возило посебно.
– Одговорно лице за безбедност и здравје при работа, заштита и спасување, управување со кризи и заштита на животната средина,
– Извршува и останати работни задачи поврзани со работното место.

Одговара пред
Раководител на одделение за електро машински работи, Технички раководител

2.Сектор Технички сектор
2.2.Одделение Одделение за електро машински работи
Реден број и шифра
26.КДР 03 05 Б03 028
Звање на работно место

Назив на работно место
Оператор на објекти и опрема
Број на извршители
5 (пет)
Вид на образование
Средно(електро, машинство)
Други посебни услови
– Возачка дозвола од Б категорија

Работни цели

– Намалување на трошоците на работењето;
– Одржување на хидромеханичката опрема,
– Одржување на исправност на мерните инструменти, алати и прибор со кои работи.
Работни задачи

– Управува со хидромеханичката опрема на браната:
локално во објектите и
далечински преку операторските панели во објектите и компјутерот во Командно-aдминистративната зграда;
– Ја прати состојбата на браната преку синоптичкиот панел, видео надзорот, ПП централата, метеоролошката станица и системот за узбуна и тревога на населението низводно
од браната Лисиче;
– Заедно со другите вработени во одделението непосредно учествува во превентивно, планско и тековно одржување на опремата согласно ISO 9001/2008 стандардот;
– Учествува во тестирањето на функционалноста на
хидромеханичката и електро опрема за хавариските случаи;
– Учествува во тестирање на функционалноста на системо за узбуна и тревога на населението низводно од браната;
– Заедно со електро инженерот, машинскиот инженер,
операторите,според претходно изработен од нивна страна распоред и термини, одржуваат хигиена на објектите, опремата и работните места;
– Извршува и останати технички работи поврзани со работното место.
Одговара пред
Раководител на одделение за електро машински работи
Технички раководител

VI. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 25
Овој Правилник може да се измени и дополни на начин и постапка како и при неговото донесување.

Член 26
Со влегувањето во сила на овој Правилник престанува да важи Правилникот за систематизација со број 01-226/3 од 20.05.2013 година.

Член 27
Овој Правилник влегува во сила со денот на донесувањето, a ќе се применува по добиената согласност од Министерството за информатичко општество и администрација.

Бр. /
година

ЈПВ Лисиче Велес
Директор Дејан Арсовски

VII. ТАБЕЛАРЕН ПРЕГЛЕД НА РАБОТНИТЕ МЕСТА

Р. бр.
шифра
Звање и/или назив на р.м.
Број на систем. работни места
Број на пополнети. р.м.

Административни службеници
Даватели на услуги
Помошно техн. лица
1.

Помошник директор
1
0

2.

Раководител на Сектор за финансиски, правни и општи работи
1
1

3.

Раководител на одделение за финансии
1
0

4.

Советник за финансиско сметководство
1
1

5.

Советник за економски прашања

1

0

6.

Раководител на одделение за општо правни работи и човечки ресусри
1
0

7.

Советник за администр. правни работи и управување со човечки ресурси
1
1

8.

Советник за спроведување на јавни набавки
1
1

9.

Советник за информатичка технологија
1
0

10.

Архивар
1

0
11.

Општ работник
2

2
12.

Хигиеничар и кафе-готвач
1

1
13.

Портир-евидентичар
3

3
14.

Технички раководител
1

1

15.

Раководител на одделение за водостопанство
1

0

16.

Главен инженер за градежни работи
1

1

17.

Одговорен градежен инженер
1

1

18.

Одговорен инж. за микробиол. мониторинг на вода
1

1

19.

Одговорен инженер за био-хем. анализа на вода
1

1

20.

Лаборант за бактериолошки анализи на вода
1

0

21.

Ракувач со градежна машина
1

1
22.

Евидентичар
1

1
23.

Раководител на одделение за електро машински работи
1

0

24.

Одговорен електро инженер
1

0

25.

Одговорен машински инженер
1

1

26.

Оператор за одржување на објекти и опрема
5

5

4
11
8

ВКУПНО:
33

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *