Информација од Вонреден инспекциски надзор
Врз основа на Барање на Градоначалникот на Општина Велес со бр.08-2619/12 од 16.08.2024 година за доставување на Информација за надлежностите и исполнување на обврските на ЈПВ Лисиче Велес, во однос на стопанисување со акомулацијата Младост, доставено до МЗСПП-сектор води, издаден е налог за вонреден инспекциски надзор бр.02-759/2 од 19.08.2024 година.
На ден 22.08.2024 година извршен е вонреден инспекциски надзор во ЈПВ Лисиче-Велес од Државен инспекторат за животна средина-Водостопански инспектор.
На ден 23.08.2024 година од страна на Државен инспектор за животна средина-Водостопански инспектор е доставен извештај од извршен увид во ЈПВ Лисиче Велес до Општина Велес-нарачател навонреден инспекциски надзор.
Истиот може да се побара на увид од Општина Велес.
