ЈПВ „Лисиче“ со активности за отстранување на сувите наслаги и трска та од езеро „Младост“

ЈПВ „Лисиче“ започна со механичко отстранување на суви наслаги со исушена трска и друга крајбрежна
сува вегетација (стебла, гранки итн)  од крајбрежниот појас на езеро „Младост“.
Оваа активност се реализира во соработка со МЗШВ, односно АД „Водостопанство“, врз основа на потпишан договор за користење на механизација со која се врши целосно расчистување на брегот.
Продолжуваме посветено, согласно Планот за ревитализација на езеро „Младост“.
Благодарение на одличната соработка со Општина Велес и сите засегнати институции,  се преземаат конкретни чекори кон трајно решавање на долгогодишниот проблем со акумулацијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *