Нова метеоролошка станица поставена на брана Лисиче

ЈПВ „Лисиче” -Велес успешно  постави нова метеоролошка станица на брана Лисиче.
Новиот систем за мониторинг ќе ги следи параметрите како:

  • Брзина и насока на ветер;
  • Температура на воздухот и влажност на воздухот;
  • Мерење на врнежи;
  • Атмосферски притисок;
  • Соларна радијација;

Податоците од метеоролошката станица се интегрирани и прикажани во SCADA системот, што овозможува континуиран мониторинг и анализа на параметрите во реално време.

Дополнително, податоците се складираат во база на податоци од моментот на поставување на станицата, што овозможува долгогодишно следење и анализа на метеоролошките услови и трендови.

Оваа метеоролошка станица ќе ги  обезбеди сите потребни податоци за мониторирање на метеоролошките услови, што е клучно за ефикасно и безбедно управување со браната.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *