Водостојот на Младост ја достигна највисоката кота

Велешкото езеро „Младост“ ја достигна максималната кота. Изминатите два дена водата од акумулацијата преливаше преку браната. Од водостопанското претпријатие Лисиче велат дека за 24 часа преку преливот можат да минуваат 100 илајди метри кубни вода кои завршуваат во Вардар.

„Доколку во наредниот период се повтори хидролошката состојба која што ја имавме во последниве две недели и да дојде до прелевање на максимални 100 илјади метри кубни вода за 24 часа која што би се влеала во Вардар ,сепак нема да претставува никава опасност ио водостојот на реката ќе остане ист“, рече Бобан Пановски, директор на ЈПВ Лисиче

Младост го полнат реките Рудничка и Отовичка. Поради врнежите од дожд е зголемен и нивниот водостој. Токму тие го преполнија езерото. Последниот пак езерото било вака полно со вода пред точно 30 години. Во него во моментов се акумулирани осум милиони метри кубни со вода. Надлежните велат дека и покрај максималната височина на езерото, нема опасност за браната. Водостопанското претпријатие континуирано ја следи нејзината стабилност.

„Редовно вршиме сеизмички мониторинг на браната и засега нема покажано никакви моши резултат што е доказ дека браната е во одлична кондиција“, рече Пановски.

Според Пановски, хидролошката состојба значително влиајела за полнење на езерото. Минатото лето поради честите врнежи не се полеваа лозјата кај младост. Езерото Младост е формирано во 60-тите години на минатиот век. Акумулацијата има должина од еден и пол километар а најголемата ширина изнесува 500 метри.

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *